Стево Насковски е магистер на правни науки на насоката применета политика и дипломатија, на правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Неговиот образовен процес не застанува со комплетирањето на магистерскиот труд на тема „Лобирање во дипломатијата“, по што повторно се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на кој во 2010 веќе еднаш дипломира на насоката Политички Науки.

Како професионалец, има значајно искуство во секторите на Јавната администрација, а специфично како Соработник на второстепената комисија за постапување по жалби во сферата на административните процедури и трудово право, соработник на Второстепената државна Комисија за постапување по жалби во сферата на инспекцискиот надзор и прекршочните постапки, каде работи од 2016 година.

Што е важно да се смени во аграрната политика на Македонија?

– До крајниот на изборната кампања има уште девет дена, од самиот почеток на истата се сретнав со многу луѓе од нашата Изборна единица 5: млади, стари, пензионери, доктори, правници, работници, административци и земјоделци. Секој укажуваше на своите проблеми со кој секојдневно се соочува и за право доста нудеа и решенија. Умот ми остана кај земјоделците и од Пелагонија, овоштарите од Преспа, сточарите од Битолско, лешникарите од Струшко и други. Тие се луѓето кои ни го носат лебот на трпезата и ги разбирам, знам дека е тешко и јас имам маки како аматер овоштар, но ги разбирам тие кои егзистираат од земјоделието и силно стојам зад нив. Пелагонија е нашата кошничка за леб, производителите иагрономите кои ги сретнав укажаа како и што треба да се направи за сите нив за што јавно ветувам доколку станам член на законодавниот дом како пратеник волонтер од групата на Македонски концепт ќе бидам нивниот прв гласноговорник и претставник и за нивните потреби и проблеми ќе се ставам целосно на располагање.

Како што кажавте Пелагонија е нашето лебно жито, и секоја година имаме интервентен увоз на овој производ што е од стратешко значење за државата, дали вие како политичка платформа имате решение за овој проблем?

– Имено согласно анализите на самите земјоделци и агрономите пченицата претставува единствениот производ во Македонија кој има стратешко значење кое како таков е дефиниран согласно законот за земјоделство и рурален развој при што произведуваме приближно 240.000 тони годишно, но сме сепак увозно зависни од овој производ бидејќи не ги задоволуваме своите потреби при што секоја година увезуваме пченица, најчесто од земјите од регионот, најмногу од Србија. Дополнително, секоја година македонското производство на пченица едвај преживува, бидејќи цената на откупот е берзанска, не постои систем на гарантиран откуп и навремена исплата, ниту планска сеидба или договорно производство, а ретко се прави и интервентен откуп, иако постои законска можност особено за стоковите резерви. Производството на пченица опаѓа од година во година, влијаат и климатските фактори, односно брзите промени на температурата, каде што има прво суша, па дожд при што се прави стрес на пченицата и се губи во квалитет на производот, а се појавуваат и болести“.

Години наназад, земјоделците се жалат на пристапноста на Европските фондови за развој на земјоделието, односно од друга страна надлежните институции велата дека средствата од овие фондови иско се достапни за нашите земјоделци, сепак остануваат неискористени. Каде е проблемот и што е според вас решението?

– Дополнителни проблеми со кои се соочуваат земјодеците во делот на користење на Европските фондови за развој на земјоделието е испонување на одредени критериуми кои што голем дел од нив не ги исполнуваат, а се во делот на формирање на парцелите, поточно наследно правните проблеми така што истите обработуваат површини кои се уште не ги префрлиле во свое владение и се водат на нивни починати предци или пак постојат имотно правни несогласувања (неспроведена оставинска постапка, многу наследници) и не префрлени парцели/ниви купени од поранешни сопственици.

Како предлог решение за овој проблем од граѓанската платформа Македонски концепт и мене како кандидат за пратеник е следното: Носење Закон за оставинска постапка согласно кој за секој вид на имот движен и недвижен имот државата во рок од 40 до 60 дена од смртта на лице по службена должност, а согласно евиденцијата од надлежните служби ќе покрене оставинска постапка за имотот на починатото лице и во рок од не подолго од 30 дена истата ќе ја затвори. Во однос на купеното од порано, а не спроведено во катастар земјоделско земјиште, да се пристапи кон признавање на актите од склучен купопродажен договор доколку се утврди дека се веродостојни и да се изврши спроведување на истиот во катастар со дополнителна изјава под кривична, материјална одговорност дека го признаваат договорот за конечен и веродостоен.

Потоа во однос на субвенционирањето истото пред да биде достапно од Европските фондови за развој на земјоделството, Државата ќе ги субвенционира вистинските земјоделци, а не и големите земјоделски комбинати кои што поседуваат капитал, при што целта на субвенционирањето е унапредување на производството, а не печалба како што беше досега, а и воедно ќе се испита дали досега ваквата мерка била злоупотребена од компании и комбинати. Дополнително над корисникот на субвенции да следи и контрола од неколку видови и неколку пати месечно за тоа дали ги посеал површините за кои пријавил дека има право на субвенции и дали постапил согласно критериумите и правилниот начин на одгледување.

Според вас како може да се подобри статусот на македонскиот земјоделец?

– Потребата од изградба и рехабилитација на иригационите системи ќе биде во нај прв план на Владата на Македонски концепт, со акцент до секоја земјоделска површина да стигнува вода и бесплатно легализирање на бушотините кои земјоделците сами ги ископале, секако истото е потребно заради аплицирање за финансии од Европските фондови, а дополнително и давање наповолности во смисла на оданочување за оние земјоделци кои врз основа на доказ-договор за користење докажале дека од неговата бушотина полеваат и други земјоделци кои немаат вода на своите површини.

Што друго институциите можат и треба да направат за да се олесни пристапот до овие фондови?

– Како што и погоре наведов Македонија е увозно зависна држава од храна и земјоделски производи и покрај тоа голем дел површини кои се во државна и приватна сопственост стојат необработени. Согласно ваквата ситуација, ќе предложиме државните необработени површини да бидат дадени на користење/кирија на земјоделци кои сакаат да го прошират своето производство по минимална цена, при што да бидат обврзани земјоделците да произведуваат одредени производи кои се дефицитарни на нашиот пазар притоа истото да биде поткрепено со Закон кој ќе предвидува најпрво сите потрошувачи, приватни објекти, маркети, јавни установи, државата за своите стокови резерви да купуваат од домашните производители и во оној момент кога ќе се потрошат домашните резерви тогаш да се дозволи увоз за потребните производи.

Која е најсилната страна на македонското земјоделство што може и треба да се искористи?

– Во однос на земјоделските површини кои се во приватна сопственост, а стојат необработени, предлагам носење закон согласно кој секој сопственик кој не ја обработува својата површина, истата да ја даде под наем на државата за одреден месечен надомет при што државата истата ќе ја додели на друг земјоделец или земјоделец почетник кој сака да работи, а нема земја или на земјоделец кој сака да го прошири производството.

Што е тоа што е најитно да се смени и да се интервенира во земјоделските политики?

– Доколку приватниот сопственик одбива да ја даде земјата под ќирија на државата или пак самиот не ја даде под наем за што ќе биде потребен доказ договор за наем, истиот ќе плаќа поголем данок на имот кон Државата од причина што со таквиот гест не помага во ублаживање на намалувањето на увозот. За намалување на увозната зависност, за почнување на бизнис во земјоделието, за Македонија да ја направиме извозник на производи, за богати граѓани со дополнителен приход преку земјоделието, за силни земјоделци гласајте за Македонски концепт под реден број 10, бидејќи земјоделецот во Македонија мора дабиде задоволен, а Македонија да стане држава на богати граѓани.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO