Ако се суди според социолошките податоци и политичката историја, Доналд Трамп веќе требало да се збогувал со втор претседателски мандат. Затоа што рејтинг под 40 проценти на националниот празник 4 јули во изборна година го изедначува до Џими Картер и Џорџ В. Буш, кои поминаа само по 4 години во Белата куќа.

Коронавирус, пад на економијата, меѓународна самоизолација. Тоа се проблемите што Трамп не може да ги надмине или ги создава сам.

Дејан Јотов разговара за нив со поранешниот воен разузнавач, посредник за мир во распаднатата Југославија, амбасадор во Бугарија – Џејмс Пардју, во интервју за БНР:

Го гледате ли неуспешниот обид на Доналд Трамп да постигне брзо решение за косовското прашање, желба предизборно да се пофали со барем некаков надворешнополитички успех?

ʺСметам, дека да. Претседателот Трамп скоро неам никакви надворешнополитички постигнувања за веќе близу 4 години на постот. Тој ги изолираше САД од нашите сојузници, неговите планови за нуклеарно разоружување на Северна Кореја не стигнаа до никаде, сè уште сме во Авганистан и во Ирак. .. Можам да продолжувам да набројувам.

Мислам дека сакаше да постигне некаков брз и лесен дипломатски успех. Но, како и со многу други работи, неговите луѓе ја потценија ситуацијата. Мислеа дека со Балканот е лесно. Но, минатиот викенд – кога преговорите со претседателите на Србија и на Косово не успеаја, стана јасно дека проблемите на Балканот сосема не се лесни за решавање “.

Зошто САД  се откажаа толку лесно од заедничката американско-европска визија за Балканот?

„Изолирањето на САД од Европската унија за тој конкретен проблем е само дел од отуѓувањето на Трамп од нашите традиционални сојузници. Тоа е една од трагедиите со кои се соочува неговата неспособна администрација. Се разбира, дека Америка и Европа не треба да се одделни играчи во регионот. Си соработувавме многу добро за да го смириме од 1995 до 2008 година, а потоа и со администрациите на Буш и Обама.

Меѓу другото и Русија беше дел од процесот. Таа беше дел од Контактната група за поранешна Југославија. Но, сега сите – Русија, Европската унија, Соединетите држави – дејствуваат сами. Во голема мерка затоа што претседателот Трамп не сака да соработува со никого. Тој мисли дека Соединетите држави можат еднострано да прават што си сакаат, а тоа е апсурд. Резултатот е блокада на Балканот “.

Сметате ли дека решението на претседателот Хашим Тачи да не поднесува оставка е правилно од гледна точка на зачувување на стабилноста во Косово и во регионот?

„Тешко ми е да проценам, затоа што не знам на какви факти се темелат обвиненијата против него. Многу важно политичко решение е за претседателот Тачи да остане на функцијата. Бидејќи обвиненијата доаѓаат 20 години по завршувањето на војната. Сигурен сум дека за него е многу тешко да си даде оставка, но ако обвиненијата бидат потврдени, тогаш тој ќе трба да размисли дали да не се повлече “.

Намерно ли беше избран, дпоред вас моментот на објавување на обвиненијата против него?

ʺНе знам. Можат и да се развиваат конспиративни теории околу тоа. Со сигурност моментот беше интересен – непосредно пред средбата во Белата куќа. Имајќи ги во предвид недоразбирањата меѓу Вашингтон и европските престолнини за еден куп прашања, одговорот е – можеби“.

Ќе опстои ли мирот со Талибанците по откритијата дека примале пари за да ја напаѓаат американската војска?

ʺОтсекогаш сум сметал дека администрацијата на Трамп не преговара со кого што треба. Би требало да се водат преговори со авганистанските власти за тоа како да ги повлечат САД воените сили од таму. Сепак, по толку многу крвопролевање и потрошени пари од Америка и нејзините сојузници, а и по толку години, време е веќе авганистанците да застанат на своите нозе. Не гледам никаква полза од преговори со талибанците“.

Би имало ли разумно објаснение претседателот на САД да не обрнува внимание на разузнавачки податоци, дека трета земја плаќа на некого да убива Американци?

ʺКога владата на Соединетите држави – претседателот, Пентагон, разузнавањето – добијат информација дека непријателска странска сила објавила парична награда за смртта на американски војници, треба да осознаат, дека тоа е голем проблем за националната безбедност. И по него треба да се дејтвува без бавење.

Се разбира, ако податоците доаѓаат само од еден извор, треба да се работи за потврдувањето или нивното отфрлање. Но, тоа требало да биде дадено на знаење на претседателот. А тој требало без бавење да го подигне прашањето пред Владимир Путин и да му каже, дека при потврдување на информацијата, ќе бидат наложени неверојатно строги санкции против Русија. Затоа што такво поведение е неприфатливо. И пренебрегнувањето на претседателот Трамп е навистина скандално ”.

Како ја оценувате реакцијата на Трамп по откритијата во ʺЊујорк Тајмсʺ?

ʺАко навистина не бил информиран – тогаш тимот по Белата куќа за национална безбедност е некомпетентен. А ако бил информиран и не направил ништо – тогаш би било уште пошокантно. Затоа што тоа би значело дека претседателот не се интересира за националната безбедност и од животот на американските војници. Така што, што и да каже Трамп во оваа ситуација, е очигледно, дека неговата администрација е или неспособна, или повторно се пројавува неговиот необјаснив афинитет кон Владимир Путин “.

За Џон Болтон – и друг пат сме го коментирале и знам, дека немате особено високо мнение за него. Но, не се ли смени барем малку тоа по издавањето на неговата книга?

„Џон Болтон е многу конзервативен човек, приврзаник на воените решенија за скоро сите надворешно политички проблеми. Тоа не мислам дека се сменило. Затоа и мојот однос кон политичката ориентација на Болтон останува непроменет. Не сум согласен со него. Мислам дека треба да сме доста пофлексибилни во тој однос.

Во исто време, морам да признаам дека тој е многу паметен човек. Има збор за подарок. Тој е целосен бирократ во Вашингтон, тој знае да направи што сака во Вашингтон.

Затоа сум изненаден што е толку директен во опишувањето на некомпетентноста во Белата куќа. Се радувам сепак, дека го направи, затоа што американското општество треба да знае што се случува таму. Мислам уште, дека тој е практичен и осознава, дека Трамп нема да преживее на ноемвриските избори. Затоа се позиционира во кампот на некои републиканци кои размислуваат да ја преземат партијата и да се обидат да ја спасат по крахот на Трамп “.

Врзан ли му е во крпа поразот заради неуспехот со коронавирусот, оштетената економија и сега овие неблагопријатни надворешнополитички вести ?

„Премногу е рано да се каже. Во политиката сум научил, дека сè може да се случи. А до изборите остануваат месеци. Инаку, важно е да се напомене дека популарноста на Трамп опадна – особено поради неговите дејствија во однос на коронавирусот. Тој очајно сака да го поврати својот рејтинг и токму затоа неговите јавни изјави стануваат се пекстремистички и неодговорни.

Но, продолжува да губи. И тоа не само на национално ниво, туку и во клучните држави каде што тој мора да победи доколку сака да биде реизбран – во Флорида, Аризона, дури и во Џорџија. Довербата кон него е ужасно ниска во оваа фаза од кампањата. Но, сепак – не се знае. Кој можеше да си помисли во декември дека ќе се најдеме во ваква состојба со овој ужасен вирус “.

Нека претпоставиме дека Џо Бајден ќе победи на изборите. Ќе може ли тој да ја оживее Америка така што, макар и веќе не хегемон, да влијае значително влијание врз меѓународниот поредок?

„Го наблљудувам внимателно Џо Бајден со години. Тој е многу, многу искусна фигура во американската политика и лидер во Демократската партија. Има многу големо искуство на меѓународната сцена. Затоа, сметам дека може. Со сигурност ќе направи усилие да ги обнови односите на САД со сојузниците “.

Со какви чувства го пресретнувате вашиот национален празник – 4 јули, во условите на епидемија?

ʺКако и многу други Американци, ќе го поминам 4 јули дома – во изолација. Затоа што сметам дека е правилно на мојата возраст. Тажно ми е поради тоа. Празник е навистина, но јас сум обесхрабрен од неспособноста на нашите лидери да се справат со проблемите. Сепак, како Американец, јас сум оптимист и не губам надеж. Треба да поставиме компетентни луѓе во власта да го направат. Мислам дека тоа ќе се случи “.

Целото интервју на Дејан Јотов со Џејмс Пердју во предавањето  ʺСабота 150“ можете да го слушнете од звучниот фајл.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO