Фото: Роjтерс

Членот на претседателството на БиХ Жељко Комшиќ и претседателот на СДА Бакир Изетбеговиќ, денес му порачаа на рускиот амбасадор дека БиХ ќе биде членка на НАТО без оглед на противењето на Москва, додека српскиот член на државниот врв Милорад Додик рече дека од тоа нема да биде ништо.

Откако рускиот амбасадор во БиХ Петер Иванцов, изјави во колумна за бањалучкиот весник ʺГлас Српскеʺ изнесе став дека БиХ не би требало да биде членка на НАТО, којго опиша како ʺагресивен блок“, Комшиќ во посебна изјава на рускиот амбасадор му упати прекор дека се меша во внатрешните работи на друга држава и не ги почитува решенијата која таа ги донела.

ʺГо потсетувам дека тој (Иванцов) е само дипломат на една странска држава на тлото на независна и суверена БиХ“, рече Комшиќ, реагирајќи на истапот на рускиот амбасадор.

Комшиќ го обвини амбасадорот Иванцов дека со своетно однесување ги дестабилизира состојбите во БиХ, додавајќи дека очигледно е дека Русија се однесува кон неговата земја на ист начин како и кон Црна Гора, која е на мета на Москва заради своите прозападни политики.

ʺМора да бидеме исклучително внимателни кога станува збор за деструктивната улога на Русија на овие простори, бидејќи пораките што ги испраќа рускиот амбасадор воопшто не се ни малку безопасни“, рече Комшиќ.

Лидерот на најголемата бошњачка партија во БиХ, Партијата за демократска акција (СДА), која е дел од владејачката коалиција, реагираше на сличен начин.

Изетбеговиќ пред новинарите во Сараево изјави дека е јасно дека Русија се ʺбутка“ во внатрешните работи на БиХ.

ʺНема овде да владе Русија ниту било кој. Ние сме ги донесле нашите стратешки решенија и закони и согласно нив ќе се движиме кон ЕУ и НАТО, без разлика дали тоа му се допаѓа на господинот амбасадор или не“, рече Изетбеговиќ.

Но пораките на рускиот амбасадор ми се допаднале на Додик кој од Бања Лука им порача на Комшиќ и Изетбеговиќ од Бања Лука дека се само ʺстомако-говорници на нивните западни ментори“.

Тој тврди дека нема решение за членство на БиХ во НАТО, ниту ќе има, и дека Република Српска доследно ќе инсистира на тоа.

Определбата за членство на БиХ во НАТО е составен дел од претходно донесената надворешнополитичка стратегија донесена од Претседателството на БиХ и таа одредница е исто така дел од Законот за одбрана, но Додик смета дека одлуките донесени порано не вредат, па со тоа нема ни продолжување на патот кон членство во алијансата.

Минатата година, НАТО го одобри влегувањето во сила на БиХ во Акциониот план за членство (МАП).

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO