Македонски концепт  со проекти за деловно просперирање на младите и за деполитизација на општествените дејности ќе ги задржува младите во земјава. Партнерство со младите и Закон за забрана на политичкото влијание во спортот се првите проекти со кои ќе се бориме за Македонија да биде единствениот избор на младите за градење иднина во земјава. Младите реагираат со бегање од државата, бегаат од корупцијата, социјалната неправда, сиромаштијата, невработеноста.

“Пред нас како држава е мисијата младите да ја гледаат истата шанса за успех тука, како и во развиениот цивилизиран свет. А тоа не е така лесна и едноставна задача во вакви услови. Затоа, Македонски концепт има свој предлог проект и предлог решение како да им помогне на младите кои што се охрабриле и кои што сакаат да основаат свој бизнис а тоа е проектот “Партнерство со младите”. Потребно е да работиме на тоа да претприемништвото кај младите биде врвна вредност, затоа што младите со тоа и возвраќаат на државата преку создавање на нова генерација. Младите не бараaт ништо повеќе и ништо посебно, туку само фер шанса и можност да бидат свои”, појасни Љупчо Божиновски, кандидат за пратеник на Македонски концепт во ИЕ 3.

Со овој проект државата инвестира во бизнис идеи на млади до 35 години, а инвестицијата си ја враќа преку заработка во бизнисот, без никакви камати. Инвестицициите ќе бидат удели во таквите старт ап компании и по одреден временски период, државата го продава уделот. Процесот ќе се одвива преку деловни/технолошки инкубатори кои ќе го следат овој процес со целосна логистика. Со тоа ќе раководи професионална компанија, без административна бирократија, а контролата на успешноста на реализацијата на бизнис планот, ќе ја прават ревизорски и сметководствени бироа, специјално овластени за таа намена.

Друг проект на Македонски концепт насочен кон задржување на младите е “Политиката во втор план”. Една од причините за младите да заминат е политиката, зашто се угушени во оваа држава од политиката. Немаат слобода, простор каде да живеат, а политиката да не им го одзема. Прв услов како до нормална држава е политиката да биде во втор план. Прво слобода и здравје, па после политика.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO