Фото: Роjтерс

Стотици слонови починале мистериозно во делтата на р. Окаванго во Боцвана, соопшти денеска шефот на одделот за животна средина, додавајќи дека коските на животните биле непроменети, пренесе АФП.

Африканската земја има најголема популација од слонови – околу 130 000.

ʺИмаме соопштение за 356 мртви слонови северно од делтата на р. Окаванго, досега сме потврдиле 275“, изјави Сирил Таоло, шеф на Одделот за животна средина и национални паркови.

Тој изјави дека сеуште не е разјаснета причината за смртта на животните, а труењето со антракс е исклучено од верзиите.

ʺНие не се сомневаме во ловокрадци затоа што коските се недопрени“, кажа уштеТаоло.

Проби се испратени во Јужна Африка, Зимбабве и Канада.

Невладината организација ʺСлонови без граници“ се сомнева дека слоновите умираат во областа во последните три месеци.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO