ʺГи повикувам сите политичари и од Бугарија, и од Република Северна Македонија да бидеме обединети заедно, затоа што денес светот е многу поразличен отколку што беше пред децении“. Ова го изјави Цветан Цветанов, претседател на Евро-атлантскиот центар за безбедност, пренесе репортер на БГНЕС.

ʺСакаме да и помогнеме на Северна Македонија и тука треба да го оддадеме заслуженото на бугарското претседателство, каде темата Северна Македонија фигурираше на дневниот ред“, рече Цветанов.

Во истото време, тој смета дека Бугарија заостанува зад една Грција во односите со Скопје.

ʺПроблемот е сериозен затоа што Грција која беше многу порезервирана кон Северна Македонија денес има многу подобра основа за партнерство со неа, а Бугарија заостанува малку“, рече Цветанов, визирајќи ги темите, кои што водат до спротивставување и разединување.

Според него, политичарите кои се обидуваат да профитираат од постојаните провокации меѓу Бугарија и Северна Македонија, во моментов ʺизвлекуваат привремени дивиденти, но тие немаат долгорочен хоризонт за добрососедство и пријателство“.

Тој истакна дека земјите од Западен Балкан се стремат да бидат дел од силна и обединета Европа без граници и ограничувања. ʺМногу се негативни државите кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од силна и обединета Европа и полноправна членка на НАТО“, рече Цветанов.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO