На Јутјуб се појавија нови разговори меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христиjан Мицкоски, оосудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска.

Тие зборуваат за судбината на Специјалното јавно обвинителство и предметот „Империја“.

ʺНе бе ова, повеќе зборувам за Сашовци-машовци. Сега, тој пишуваше писма, фејсбуци, ме плукаше… правеше театар за јавноста претходните две недели, испадоци од типот на Геровски и слични, Сашо Ордановски. И сега јас се борам ваквото СЈО да не помине, автоматски и неговиот најголем предмет, тој „Империја“ʺ.

Во следното видео, насловено како „Рекет-6“ Мицкоски му се жали на Кичеец и вели дека тој е единствениот што се бори, а него го тепаат и се вљубуваат во Зоран Заев.

ʺДа, ама знаеш, ова помалку делува мазохистички. Ем ме тепаат, ем имаат очекувања од мене. Од друга страна, ваму има Стокхолмски синдром, се вљуби жртвата во киднаперот. Се вљубија во Зоран Заев… сега тој е добриот. А тој сака вака да помине за да ги уценува и понатамуʺ, вели Мицкоски.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO