„Пандемијата на коронавирусот не е ни приближно до крајот“, рече шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Габриезус, откако бројот на потврдени случаи заразени со вирусот надмина 10 милиони, а има повеќе од пола милион починати.

„Иако многу земји постигнаа одреден напредок на глобално ниво, пандемијата навистина се забрзува“, рече Тедрос на денешниот брифинг, додавајќи дека на светот ќе му треба уште поголеми залихи на отпорност, трпеливост, смиреност и дарежливост во наредните месеци.

Тедрос рече и дека пандемијата на виделина го изнела и најдоброто, но и најлошото, односно од една страна се љубезноста и солидарноста, а од друга дезинформациите и политизација на коронавирусот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO