Европската унија денес го публикуваше списокот од 14 држави за кои ќе ги отвори повторно своите граници од 1 јули, но реши да ја задржи забраната за патување од САД, Русија и Бразил, бидејќи тие сè уште регистрираат значителен број  на нови случаи со Ковид-19, соопштува БиБиСи.

Земјите кои не се членки, чии граѓани ќе добијат дозвола да патуваат во земјите на ЕУ од утре (1 јули) се: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда , Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Овој т.н. ʺБезбеден список“ вклучува дестинации за патувања кои не се од суштинско значење.

Гласањето за таков ʺбезбеден список“ од страна на трети земји е насочено кон поддршка на туристичката индустрија на ЕУ и туристичките дестинации, особено земјите во јужна Европа кои се најпогодени од пандемијата од коронавирус.

Кина исто така ќе биде привремено одобрена, и покрај тоа што патувањета ќе бидат дозволени само доколку кинеските власти исто така дозволат земјата да биде посетувана од граѓани на ЕУ. Реципроцитет е услов за да се во овој ʺбезбеден список“.

За ова решение веќе има постигнато квалификувано мнозинство меѓу земјите-членки на ЕУ (најмалку 15 земји, сочинуваат најмалку 65% од населението на Унијата), така што не може да има вето на горенаведениот список.

Тоа што на членките на Европската унија им е дозволено да ги отворат своите граници за граѓаните на 14-те наведени земји не значи дека тие нужно мора да се придржуваат кон оваа општа одлука, бидејќи слично решение е предмет на секоја поодделна влада.

Теоретски, границите се исто така отворени меѓу земјите на европскиот единствен пазар, во кој се вклучени 27-те земји членки на ЕУ, плус Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Велика Британија.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO