Ако обвинението се потврди ќе поднесам оставка и ќе се соочам со тоа, рече косовскиот претседател Хашим Тачи во обраќање до јавноста. Неговото обраќање уследи откако пред пет дена Специјалното обвинителство во Хаг го обвини за воени злосторства и злосторства против човештвото, кои произлегуваат од војната за независност на Косово во периодот 1998-99 година.

Во снименото обраќање до нацијата, Тачи ги отфрли, како што рече, лажните обвиненија против него.

„Косово е нова држава, но нејзините лидери мора да се однесуваат како прави државници. Ќе го носам мојот товар и ќе се бранам себе и нашата борба за слобода, со сета сила што ја имам. Нема да дозволам ова лажно обвинение да го оттргне вниманието на Косово од заземањето на место во меѓународната заедница, како членка на ОН, НАТО и ЕУ“, вели Тачи во обраќањето.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO