Потпретседателот на ВМРО–ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска на средба во Валандово добил поддршка од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

ʺДенес сум горд што добив поддршка од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија“, напиша Николоски на својата фејсбук страница.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO