Во повеќе држави на Балканот денеска се регистрира пораст на заболените од новиот коронавирус.

Во Бугарија, во последните 24 часа се направени 1528 тестови, а се регистрирани 112 позитиви, најмногу од нив во Софија, а потоа следуваат Пазарџик и Пловдив. Со ова вкупниот број на заболени кај источниот сосед се искачи на 4625.

Во Србија, според денешните податоци, во последните 24 часа се направени 4905 теста, позитивни од нив се 254 лица, а тројца починале.
Во Босна и Херцеговина за истиот период се регистрирани 108 нови заболени, поголемиот дел од нив работници во фабрика за преработка на риби.

Во Хрватска пак, како што се јавува, регистрирани 67 нови заболени со што вкупната бројка од почетокот на епидемијата досега во таа земја изнесува 2691, а 107 починаа. Грција има најмал број новорегистрирани случаи, 23 со што вкупниот број на заболени се искачи на 3366. Вкупно досега во таа земја починаа 191 лице.

Во Косово последните денови е забележано зголемување на бројот на заразени од новиот коронавирус. Вкупно досега, според последниот официјален извештај, има 2 590 заразени. Од нив 48 починале, додека 1 394 се излекувани, така што бројот на активни носители на вирусот изнесува 1 148.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO