Фото: Роjтерс

Конзервативниот полски претседател Анджеј Дуда и либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски влегоа во вториот круг на претседателски избори во Полска.

Според излезната анкета на агенцијата ИПСОС, Дуда освои 41,8 проценти од гласовите, а Тшасковски 30,4 проценти. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 12 јули. Дуда, кандидатот на владејачката конзервативна партија Закон и правда, им се заблагодари на Полјаците што доби повеќе гласови отколку на изборите пред пет години. Тшасковски рече дека резултатите од првиот круг од изборите покажуваат дека повеќе од 58% од полското општество сака промена.

Дуда имаше шанса да победи во првиот круг доколку изборите се одржат според планот на 10 мај. Сепак, поддршката од околу 60 проценти што тој ја имаше во тоа време, според анкетите, се стопи кога Полјаците почнаа да ги чувствуваат ефектите од ограничувањата поради епидемијата на коронавирусот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO