Фото: Роjтерс

Во Франција се спроведува втор круг на локалните избори одложени во март поради пандемијата од коронавирус.

Санитарните мерки се драстични, гласачите треба задолжително да носат маски.

Избирачките места во Франција се отворени, а 16,5 милиони Французи се повикани на гласачките кутии, за да ги завршат започнатите избори во март во околу 4.800 населени места.

Задолжителни маски за сите, средства за дезинфекција, никаков директен контакт со документи и предмети: вонредните мерките во голема мерка го усложнуваат овој демократски чин, особено при идентификација на гласачите.

Тие треба да бидат најмногу по тројца во гласачкото мести, редиците ќе бидат надвор, но главната мистерија е дали ќе ги има, коментираат медиумите во Франција.

Излезноста се предвидува да биде рекордно ниска – три и пол месеци по првиот круг, непосредно пред општиот карантин, Французите ја изгубија изборната нишка.

Очигледно, владејачката партија на претседателот Макрон „Републиката напред“ исто така ја загуби шансата за победа – во Париз, нејзиниот кандидат се најде на третото место, далеку зад социјалистката и актуелна градоначалничка Ан Идалго.

Многу непознати на денешниот круг можат да доведат до неочекувани резултати.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO