Фото: Роjтерс

Европејците не успеаја да се договорат за списокот на земји, кои можат да се сметаат за ʺбезбедни“ за да им дозволат на нивните граѓани да влегуваат во блокот од 1 јули, соопшти АФП, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Во петокот вечерта, амбасадорите на 27 земји-членки предложиле список од околу петнаесет земји, во кој не се вклучени САД.

Хрватското претседателство на ЕУ им даде на земјите-членки рок до саботата вечер да гласаат за списокот, но некои побараа повеќе време.

ʺКонсултациите ќе продолжат и ќе бидат продолжени до понеделник“, изјави за АФП европски дипломатски извор.

Предложениот список вклучува 14 земји – Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Мароко, Нов Зеланд, Србија, Тајланд, Тунис, Уругвај, Црна Гора, Јужна Кореја и Јапонија.

На нив се додава и Кина, но под услов Пекинг да воведе реципрочни мерки.

Се предвидува да се примаат посетители и од Андора, Ватикан, Монако и Сан Марино.

Списокот ќе се преразгледува на секои две недели.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO