Фото: Роjтерс

Британските безбедносни сили ја потврдија информацијата, која ја објави Њујорк Тајмс, дека руското разузнавање им плаќало на талибанци да убиваат војници од силите на коалицијата во Авганистан.

Телевизискиот канал ʺСкај њузʺ соопшти, дека извор на британското разузнавање го потврдил сензационалното откритие на Њујорк Тајмс.

Во моментов има околу 1.000 британски војници во Авганистан, стационирани главно во главниот град Кабул, без извештаи за жртви како резултат на ʺрускиот заговор“.

Том Туџенхат, претседател на Комисијта за надворешни работи кон Комарата на општините кој како воен порано служел во Авганистан, коментира дека изнесените извештаи се крајно вознемирувачки, додавајќи дека е добро познато дека руската ГРУ (Централна разузнавачка агенција) е активна во Велика Британија и на други места во светот.

Во публикацијата се тврди уште, дека Москва се обидува да спречи евентуален мировен договор во Авганистан, подготвуван од американците. Извор на британското разузнавање изјавил за ʺСкај њуз“ дека озлогласеиот оддел 29155 на руското воено разузнавање, кој е вмешан во дејствијата во Авганистан, исто така е одговорен за нападот со ʺНовичокʺ против Сергеј и Jулија Скрипал во Салсбери, како и за труењето на бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, обидот за пуч во Црна Гора и диверзивните активности во Молдавија.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO