На 28-ми Јуни, 1921 г. една топла и миризлива квечерина, после навидум нормалното секојдневие низ Софиските улици, ништо не наговестува дека ќе биде и последниот ден на еден од малкуте останати живи споменици на Гоцевото време, неговиот верен соборец Ѓорче Петров.

Излегувајќи од своето работно место при Софиското МВР, во „Бирото за населување на бегалците“, Ѓорче свратил во кафеаната на Иван Бандев на случајна „или не“ средба со Петар Чаулев.

Дури двајцата соговорници задлабочени во разговорот ја пиеле својата ракија, никој не забележал дека во кафеаната влегол и еден младич, со револвер под своето летно палто, нарачувајќи пијачка во исчекување да го исполни својот „татковински долг“.

Oткако завршува средбата помеѓу Ѓорче и Чаулев, Ѓорче ја напушта меаната и се упатува накај неговиот дом, воопшто не насетувајќи ја неволјата која му претстои.

По него чекор во чекор, тргнува и младичот, атентатор на Организацијата Турчинот Реџеп, еден млад идеалист и вознесеник во идејата за Македонија.

Кога Ѓорче стигнува пред сопствениот дом, Реџеп го вади револверот и го испразнува во неговиот грб, немајќи идеја кого всушност убива.

Убиството на Ѓорче е извршено по директна наредба на Тодор Александров. Но, за да го скрие товарот од таа одлука, затоа што Ѓорче не е било кој, тој ги лаже дури и своите најблиски луѓе, префрлајќи ја вината на т.н. Воен Сојуз.

Кратко после убиството на Ѓорче од луѓе на Организацијата е убиен и атентаторот, со што Александров пробува да ја измие крвта на Ѓорче од сопствените раце.

Но, историјата памети. И суди.

Причините за убиството на Ѓорче се најдобро опишани во писмото кое што Тодор Александров му го испраќа на Министерот за Внатрешни Работи при владата на Земјоделскиот Сојуз, Александар Димитров.

…“До г-дин „Земјоделски“ Министер на Внатрешните Работи А. Димитров

Од пред неколку недели вашите чиновници, инспектори, јавни и тајни полицаjци, се растрчале по Софија и Ќустендил собирајќи ги исфрлените членови од Организацијата, осудени за разни престапи, вклучувајќи убиства, грабежи, злоупотреба на пари- поткупувајќи ги моите другари таму, со цел да се организираат чети во Бугарија за да ме убијат тука.

Напразни усилија, организираното население тука сигурно ќе умее да се справи лесно со тие натрапници, како што успеало многу пати досега !

Според најгласните сведоштва, главно ваше оружје во таа престапна акција е Ѓорче Петров, назначен од вас за претседател на Комисијата за бежанци, довчерашен самоименуван единствен претставник на бившата Внатрешна Македоно-Одринска Револуционерна Организација. Нашироко помеѓу народот познат како „Везевулот на Организацијата“.

Јас не можам да останам нем пред обидите да испраќате чети во Македонија, да служат како оружје на нејзините поробители и затоа ви го пишувам ова писмо. Не си правам илузии, дека вие и вашите другари ќе се вразумите и ќе престанете со вашите лудости, за кои што скапо плаќа бугарскиот народ.

Но, знајте го следното: Никој не може да ми го одземе правото самиот да одлучувам за својот живот, како што сметам дека е правилно и да служам со сите свои сили на мојата поробена Татковина. Кој ќе се обиде да го направи тоа, уверен сум: со божја помош и помошта на организираното македонско население- самиот ќе си ја скрши главата, засекогаш !

Т.Александров“

ʺДолу по полено, низ врбацине, до срцево

сè е така ноќ и нож в плеќи забиен

но, не ме плашат векови со нож од туѓа рака

ме плаши ден со нож од своја рака, в плеќи забиен“

*На сликата од лево кон десно Ѓорче Петров, Арсени Јовков и Георги Поп Христов, сликани при крајот на Првата Светска Војна ;

––––––––

ФБ статус на Александар Кавазов

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO