Фарма Органика Прилеп ќе откупува лешници оваа година Земјоделска Задруга Фарма Органика оваа година ќе изгради расадник за садници за лешник и бадем во околината на Прилеп. Откупот на лешник и бадем ќе го отпочнеме одма оваа есен, а покрај расадникот за садници ќе опремиме лабораторија за испитување на земја за потребите на нашите клиенти. Квалитетот на лешникот ќе го испитуваме во опремена и акредитирана лабораторија за храна и тоа ќе се прави пред откупот на лешниците од домашните производители.

За прв пат оваа година ќе биде извршена целосна анализа на лешниците произведени во Македонија, нивниот квалитет и содржина. Ни предстои тешка и долгорочна работа во областа на сертифицирањето на лешникот од Македонија, примена на стандардите за производство, откуп и преработка на лешникот произведен кај нас.

Во овој момент броиме 30 членови во земјоделската задруга. Мислиме да ги зачлениме во нашата задруга сите оние кои садат лешници и бадеми во нашата земја, а се сериозни одгледувачи за да можат да ги посетуваат нашите обуки, експертизи и да ги следат нашите препораки и совети.

Лешникот е добар бизнис но мора да ги следите процедурите и стандардите. Компаниите кои вршат нивна преработка бараат висока стандардизација и работат по многу високи стандарди. Денес како земја која скоро ќе отпочне преговори со ЕУ не смее да произведува производи со низок квалитет и стандард. Нискиот стандард и квалитет само драстично ја намалува цената на производот.

Се надеваме дека до есен ќе ги исполниме сите таргети и покрај кризата со Ковид 19. Одгледувањето на лешници и бадеми е профитабилен бизнис но бара доста посветеност,многу љубов но и исполнување на стандарди.

Цената на откупот ќе биде позната овие денови. Имено се чека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган да ја соопшти откупната цена на лешник во Турција. Спрема овие цени и квалитет Фарма Органика ќе ги прилагоди и сопствените цени за откупот.

–––––––––

Фејбсук статус на Фарма Органика – Прилеп

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO