Во новата аудио снимка поврзана со случајот “Рекет” која денес се појави на Јутјуб, се слуша конверзација помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, осудениот во случајот “Рекет” Зоки Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, поранешна директорка на Агенцијата за вработување и во болницата “Систина”.

Во разговорот Мицкоски потврдува дека Орце Камчец му помогнал кога му било најтешко, односно ги подмирил долговите на партијата кои ги оставил Никола Груевски. Тој воедно додава дека во тој период биле исклучени струјата и кабелската, а парното било пред исклучување и дека Камчев бил еден од ретките кој му подал рака.

Во дополнение, Мицкоски додава дека Камчев со зборовите “Не треба ништо” го простил и долгот кој претходното раководство на Никола Груевски го имал кон сестрата на Камчев.

Во друг дел од разговорот Мицкоски му вели на Кичеец дека тој бил единствениот кој се борел против новиот Закон за јавно обвинителство, а со тоа се овозможува и продолжување на процесот “Империја”.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO