Фото: Роjтерс

Американското разузнавање открило дека руски воени им предлагале премии на поврзани со талибанските бунтовници во Авганистан за да убиваат војници од САД и меѓународната коалиција, соопшти вчера ʺЊујорк Тајмсʺ, цитиран од Ројтерс.

Весникот се повикува на официјални извори, според кои уште пред неколку месеци САД откриле дека воена единица на руското воено разузнавање поврзано со обиди за атентати во Европа, предлагала минатата година награди за успешни напади во Авганистан. Се смета, дека милитантни исламисти или поврзани со нив вооружени криминални групи добиле пари од Русите.

Според весникот од Њујорк, за ова откритие бил известен претседателот Доналд Трамп, но администрацијата сè уште не наредила реципрочни мерки против Русија за случајот.

Белата куќа, ЦИА и Кабинетот на директорот за национално разузнавање одбија да коментираат за публикацијата, пренесе Ројтерс.

Лажните публикации за Русија и Авганистан веќе доведоа до закани за наши дипломати, објави руската амбасада во САД на Твитер, јави ТАСС.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO