Господине Неделковски, проблемите меѓу Македонци и Албанци се чини дека беа решени со Охридскиот договор во 2001 година. Но, гледаме дека работите не се промениле коренито.

– Војната во 2001 година беше определена како етничка. Камо ли да беше таква, спорните прашања лесно можеа да се уредат. Војната беше судир на економски криминални групи за контрола на економијата и протокот на пари од Македонија кон Албанија, Србија и Косово. Тоа беше битка во политичката елита, која не мисли за земјата и нејзината иднина. И која не се грижи за скоро 500.000 невработени, фабриките кои не работата, ниските плати на оние кои сè уште работат, туку само размислува за сопственото збогатување преку властта. Во тоа се состои трагедијата на Македонија. Денес, на таа многустрадална земја, која има можност да стане мултиетничка, демократска, евроатлантска и правна држава, натрапчиво се се наложува заклучокот дека нејзината елита не работи и не вложува усилија за општо добро.

И тука нема значење за кого точно станува збор – за одделни политички лица или за цели политички структури. Сите тие не сакаат ни да слушнат за проблемите на луѓето во Македонија, а камоли да ги решаваат.

– Но, демократскиот систем им дава можност на граѓаните да ги сменат преку избори партиите или коалициите што ги управуваат

Не сметам како Черчил, дека демократијата е најдобрата форма на управување. Насекаде во светот, политичките партии се дефинирани и работат како продавници на фирми. Си ги имаат своите клиенти – партиските членови, симпатизери, гласачи – и ги опслужуваат кога ќе дојдат на власт. Ова се случува дури и во земји каде правото е на височина и се почитува строго законскиот ред. Но, специјално во Македонија има и друго. На општествениот простор, каде што медиумите и новинарите кои работат во нив во голема мерка ги определуваат општественото мислење и општествените правила, се извршува една фундаментална манипулација. И поимот за слобода се заменува со поимот демократија. Тука не станува збор за незнаење или случајна конфузија.

Слободата е независност на човечкиот дух.

Таа е неограничена и неисцрпна и може да ја поседуваат само високо-достоинствени луѓе. Додека демократијата се исцрпува во димензиите на продавниците на фирмите. Демократијата нема потреба од достоинствени луѓе, а од добар или лош следбеник. Таков тип човек ги следи правилата на демократијата и нејзините институции. Надвор од институциите, за него сè е самоволие, бунт, анархија. Затоа Македонија сè уште не е слободна. Во главите на луѓето се уште стојат чиповите на пропагандниот тоталитарен систем на сојузната југословенска држава.

– Да се ​​вратиме на Охридскиот договор. Судбината на овој договор, кој сепак ги регулира  на некакво начин односите меѓу македонското и албанското население и се стави крај на крвавите судири, беше поставена  на карта од резултатите од референдумот, кој се спроведе на 7-ми ноември. Сметате ли дека Охридскиот договор треба да остане во сила?

Референдумот беше за законот за територијална поделба на земјата, а не за судбината на Македонија. Го сметам за инсинуација и лага тоа дека станува збор за битка меѓу ʺсилите на стариот систем против европеизмот“, како што направи во  интервју за вашиот весник еден млад скопски интелектуалец (Влатко Стаматовски – б.р.). Таквите луѓе ги нарекувам ʺтрговци во храмот на бугарштината“. Ако граѓаните на Струга и Кичево кои се против законот се ʺсилите на стариот систем“, тогаш какоо е владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (про-српската партија), Либерално демократската партија и партијата на албанските терористи на Ахмети, Демократската унија за интеграција, кои се за законот.

– Но, противниците на законот тврдат дека ако тој беше одобрен на референдумот, тоа ќе биде крајот на македонизмот?

На кој македонизам? На оној големосрпски на Стојан Новаковиќ, кој пресуди дека македонците се Словени, но немаат ништо заедничко со бугарите? Или на ʺантичкиот“ македонизам, кој вели дека произлегуваме како нација од античките Македонци. Всушност, има еден друг македонизам, коренит, преродбенскиот.

Оној на Јоаким Карчовски и Кирил Пејчинович, кои пишувале на Долномизиски дијалект, на Партениј Зографски, на Кузман Шапкарев, на Григор Парличев, на браќата Миладинови; на македонските ајдуци и комити; на ополченците во Ослободителната војна (1878), во Српско-бугарската војна (1885), во Балканските војни и во Првата светска војна; на Димитар Матов, на Трајко Китанчев, на Христо Матов, на Натанаил Кучевишки – Митрополит Охридски и Пловдивски, на Методиј Кусевич, Митрополит Старозагорски? Што и да му правите на овој македонизам, каков и знак да му прикачите,тој  нема да биде нешто поразлично од тоа да се чувствуваш тракиец, добруџанец или шоп.

– Не сте ли малку жесток кон кон тие млади луѓе кои сега се идентификуваат како Бугари?

Само кон оние ʺтрговци во храмот на бугарштината“ кои велат дека опстојуваат на традициите, позициите и програмите на старата, историската ВМРО. Нека да кажат барем еднаш, кои се тие традиции, принципи, програми. Ако треба да им помогнам, тие се цели три: на основачите на ВМРО – Гоце Делчев, Даме Груев – автономија и последователно соединување со татковината Бугарија; на Тодор Александров и неговите следбеници – самостојна независна Македонија, Швајцарија на Балканот под покровителство на Америка или Лигата на народите, но држава на нејзиното бугарско население; на левото течение (ВМРО-Обединета) и коминтерновскиот македонизам, кој ги разделува македонците од бугарите, за што бугарските комунисти имаат не помала ʺзаслуга“ – балканска федерација и во неа обединета Македонија. Нека кажат – на кој од трите принципи се приврзаници?

– Може ли да смета Македонија на Бугарија?

– Бугарија нема стратешка визија за Македонија и ја одложува за времето откако ќе биде примена во Европската унија. Разбирливо, но е навредливо и понижувачко. Тоа им дава можност и на ваши ʺтрговци во храмот на бугарштината“ да купуваат и продаваат.

Македонската православна црква на пример има потреба од помош преку признавање од страна на Бугарската патријаршија. Најмалу, затоа што Македонската црква е наследничка на епархиите на Бугарската егзархија или барем на нејзините црковни имоти во Македонија. И барем да не ги поддржува нашите расколници, кои формираа ʺЕгзархија“, дел од Српската патријаршија. Но ете, на еден настан на расколниците, организиран од српската и грчката црква во Битола, се појави како скап гостин еден висок бугарски архиереј- Варненскиот митрополит Кирил. На запрепастените новинари тој им кажа да си молчат за некои работи. Како и тие си молчат впрочем. Навистина навредливо и понижувачко.

–––––––

Интервjу на Миле Неделковски од 15.11.2004 година за бугарски СТАНДАРД

Редакциjата на ТАТКОВИНА го публикува ова интервjу во спомен на Миле Неделковски коj вчера почина на возраст од 85 години.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO