Фото: Роjтерс

Повеќе од една година, ништо не се случуваше во дијалогот меѓу Косово и Србија, а пред тоа, изгубени се десет години во разговори без некакви големи резултати. Во процесот на ʺнормализација“ меѓу двете држави овие односи станаа уште помалку нормални. Косово воведе такси од 100 проценти на увозот на стоки од Србија, што го злоупотреби дијалогот за да ги убеди некои земји дека статусот на Косово не е решен, и тие го повлекоа признавањето на Косово. Европската унија се повлече и чекаше препреките за возобновување на дијалогот сами од себе да исчезнат. САД веќе водеше грижа за други работи, повлекувајќи се постепено од сите битни светски прашања освен Израел и односите со Кина и Иран.

И сега, одеднаш, дипломатска драма околу односите меѓу Косово и Србија. Американскиот претседател Доналд Трамп, само неколку месеци пред претседателските избори и во екот на две кризи кои ја потресуваат Америка, протести против црнците и лошо управување со епидемијата од коронавирус, преку неговиот специјален пратеник во за 27 јуни во Белата куќа, закажува состанок со лидерите на Косово и Србија како би постигнале ʺисториски договор“.

Во меѓувреме, новоназначениот специјален претставник на ЕУ за тој дијалог, неизбежен за регионот Мирослав Лајчак, упорно се обидува што побрзо да стигне на Косово за да може да го открие својот, но и на ЕУ германско-францускиот план за ʺисториски“ договор меѓу Косово и Србија. Летот на Лајчак од Цирих кон Тирана во почетокот беше откажан, а еден ден подоцна, благодарение на швајцарската армија, на која и се заблагодари на Твитер, тој успеа да дојде до Тирана и од таму да тргне со автомобил кон Приштина.

Не потсетува тоа на времето на војната кога разни меѓународни претставници, како Лорд Овен и Торвалд Столтенберг, пристигнуваа во Хрватска и Босна во обидите да посредуваат во мировниот процес. Само што  од војната поминаа повеќе од десет години. Па сите овие драматични обиди се повеќе доказ за неуспехот на меѓународната заедница отколку на решителност.

Иако ЕУ тврди дека во регионот не се ʺтрка“ со САД, очигледно е дека токму тоа се случува и дека Унијата, која троши милиони на разни ангажмани, се обидува да се наметне како главен фактор во ова подрачје, што во моментов не е.

За нештата за ЕУ да бидат уште понеудобни, во име на САД, обидот за помирување на Косово и Србија ќе го води контроверзниот дипломат близок до Трамп, до неодамна амбасадор во Берлин, Ричард Гренел. Тој е озбилен и веродостоен, онолку, колку и неговиот шеф Доналд Трамп. Затоа му е наменета една од клучните улоги во претседателската кампања на Трамп. Тој успеа да ги скара Вашингтон и Берлин, кумуваше на одлуката за намалување на бројот на американски трупи во Германија, и тоа без координација со сојузниците, а во исто време не пропушта ниту една можност преку Твитер, во стилот на неговит шеф, да не ја боцне Европската унија.

Американскиот ангажман во регионот не само што е пожелен, туку и нужен. ЕУ нема решителност да реши ниту еден проблем, а најмалку односи меѓу Косово и Србија. Но, проблем е што тоа го прави Гренел, а не некој озбилен американски дипломат кој е свесен за проблемот, но и за последиците од евентуално лошото решение. Судејќи според досегашните резултати од надворешната политика на Трамп, тешко е да се верува во успех на Вашингтон. Но, ништо не е невозможно. За разлика од ЕУ, Вашингтон барем има идеја за тоа што сака да постигне помеѓу Косово и Србија, а тоа е меѓусебно признавање меѓу двете држави.

Европската унија се колеба да каже што би била крајната цел, ниту пак им е јасно што спаѓа во ʺсеопфатна нормализација на односите преку правно обврзувачки договор“ кој покрај тоа, би требал да биде ʺво согласност со меѓународното право, прифатливо за двете страни и за сите држави во ЕУ, во согласност со европските вредности и кој би имал стабилизирачки ефект во регионот “. Значи ли тоа српско признавање на независноста на Косово? Приватно во ЕУ, велат дека тоа значи токму тоа, но официјално тоа не можат да го кажат, затоа што во рамките на Унијата нема согласност за тоа дали Косово е држава или не.

Поранешниот словачки министер за надворешни работи секако има искуство, познавање на регионот и ЕУ и меѓународните односи (додуша, околу толкувањето на меѓународното право во случајот со Косово, неговиот став беше поблизок на Москва отколку на Берлин и Париз и повеќето членки на ЕУ), но неговиот успех како посредник нема да зависи од тоа. Неговата моќ ќе зависи исклучиво од трудот, волјата и одлучноста на Германија и Франција. И тука, растат картите за посилна улога на Унијата.

Имено, ако Германија, која наскоро од Хрватска ќе го преземе претседателството со ЕУ, и Франција буткаат решение, до него може и да се дојде. И тие две држави решение гледаат во меѓусебното признавање на Косово и Србија.

Ненадејното поставување на прашањето на односите меѓу Косово и Србија, толку високо на дневниот ред во Вашингтон, Берлин, Париз, па дури и во Москва, може да пробуди надеж дека навистина ќе се постигне решение. Дали тоа ќе се постигне во Градината на розите во Вашингтон или во Елисејската палата во Париз за Косово и Србија би требало да е сеедно. Но, очигледно не е за ЕУ ​​и САД. Имено, ова е прв пат ЕУ и САД да се натпреваруваат кој ќе биде побрз, затоа што досега се се решаваше со заедничко дејствување. Покрај тоа, можна е и опасност, наместо решение, ситуацијата да се влоши или да се влезе во некој нов статус кво.

Извор: Jutarnji.hr


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO