Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес разговарале и се договориле за избори на 15 јули.

“Мораме да си ги спасиме државата и народот од каков било ризик од дополнително влошување на ситуацијата. Поголема криза од ова нема да можеме да издржиме со техничка влада и без Собрание.Ова мора да заврши и знам дека преку глава му е на секој граѓанин од партиските игри и од фамозниот датум за избори. Ајде, време е ова да го расчистиме!Ние, јас и СДСМ, преземаме чекор за да им олесниме на сите граѓани веднаш да заврши оваа игра на нерви од која најмногу страда народот. За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата“, изјави Заев.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO