
Историјата не може да се смени. Активистите, жедни да го прекројат времето и просторот во целост според моделот на сопствените погледи и – почесто – емоции – треба да го знаат тоа. Ги поминав првите 30 години од мојот живот во општествен систем кој практикуваше цензура на минатото со цел контролира на сегашноста и иднината – целосно според Орвел. По 1989 година, потиснатата вистина за минатото се врати и ги покри со срам оние што продолжуваа да ја одрекуваат – за беда на самите себеси. Историјата не смее да се менува. Логиката на времето е конструирана така, што секое поколение наново ја пишува историјата на светот – не затоа што има право да ја менува, туку затоа што има право да ја интерпретира. Отстранувањето на паметник не ја менува историјата. Тој отвора конфликт во општеството денес и за во иднина. Источна Европа може да даде добар урок на оние кои сметаат да ја променат историјата уништувајќи ги нејзините паметници. Повеќето бивши комунистички општества ги отстранија паметниците на комунистичките диктатори од јавното пространство, каде тие беа издигнати за да доминираат во сознанието на луѓето. Ги преместиј во специјално создадени за таа цел паркови и музеи, каде тие продолжуваат да исполнуваат една од своите претходни функции – сведоци на епохата, која одминала. За Бугарија, се уште претстои многу од овие сведоштва на епохата да бидат изнесени од централните градски пространства и да бидат поставени во музејот. Истото ќе треба да го направат и оние што ги отстранија и фрлија во реки и гпристаништа паметниците на луѓе од одамна одминати времиња. Тие ќе треба да се помират со историјата – затоа што не можат да ја отстранат. Затоа што преживеаното и напишаното останува – фала му на Бога! Книгите не горат – тие се враќаат кога цензорите и потпалувачите веќе ги нема.
–––––––––
Огнјан Минчев-бугарски политиколог, доктор по социолошки науки
