Фото: Роjтерс

Луксембург е земјата од ЕУ со најмногу автомобили по глава на жител, покажуваат денес публикуваните податоците на Евростат за 2018 година. Земјата е прва со 676 лесни автомобили на 1.000 луѓе, а потоа следат Италија (646 автомобили), Кипар и Финска ( 629).

Со најмалку автомобили во заедницата е Романија – 332 на 1.000 луѓе. Следат Латвија (369), Унгарија (373) и Бугарија со 396 автомобили на 1.000 луѓе.

Како вкупен број автомобили на прво место е Германија со 47 милиони автомобили. Италија е втора со 39 милиони и Франција е трета со 32 милиони.

Во Бугарија лесните автомобили според европската статистика се 2,77 милиони.

Најголем удел на автомобили на возраст над 20 години во 2018 година има во Полска – 36,5%. Следат Естонија (29,6%), Финска (25,2%) и Романија (21,4%). Според овој индикатор, Евростат нема податоци за Бугарија.

Најголем удел на ʺмлади“ автомобили – под 2 години има во Ирска (29,6%), Луксембург (23,8%) и Данска (23,3%).

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO