Фото: Роjтерс

Во Русија навивачите ќе можат да присуствуваат на фудбалските натпревари кога наредниот месец ќе започне руската фудбалска лига, беше соопштено денеска, пренесува Deutsche Welle. Според планот кој го направи Рускиот фудбалски сојуз, а кој го одобри државната регулаторна агенција, на навивачите ќе им биде дозволено да бидат на стадионите, но пополнетоста на трибините не треба да надмине 10 отсто од нивниот капацитет. Руското фудбалско првенство треба да продолжи на 21 јуни.

Првата унгарска фудбалска лига, пак ќе продолжи овој викенд. И на тамошните стадиони ќе може да има гледачи, но националниот фудбалски сојуз предвидува да биде зафатено само секое четврто столче во редот, и секој втор ред на трибините да биде целосно празен.

Инаку спроти најавеното продолжување на лигата фудбалскиот клуб Локомотива од Москва вчера соопшти дека четворица играчи од тимот се позитивни на коронавирусот. Заразени со вирусот се Димитриј Баринов, Антон Коченков, Тимур Сулејманов и Роман Тугарев. Никој од нив, како што наведе клубот, нема симптоми и се наоѓаат во домашна самоизолација.Како што се додава, остатокот од клубот во четвртокот отпатувал на подготовки надвор од Москва. Фудбалскиот клуб Зенит е прв на табелата на рускиот шампионат со 9 бода повеќе од второпласираната Локомотива од Москва.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO