Американскиот милијардер и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс ги негираше теориите на заговор што се шират на социјалните медиуми во кои се наведува дека тој стои зад намерата за употреба на вакцини за имплантирање на микрочипови кај луѓето. „Никогаш не сум бил вклучен во каква било работа од типот микрочип“, рече тој додавајќи: „Скоро е тешко да се негираат овие работи, бидејќи е толку глупаво или чудно што дури и да се спомене тоа му дава кредибилитет“.

Од почетокот на глобалната пандемија, Гејтс беше предмет на заговори кои лажно го поврзуваат со потеклото на коронавирусот на еден или друг начин. Во минатиот месец руската државна телевизија ја откажа репризата на емисијата во која беше обвинет Гејтс дека сакал да вметнува чипови во луѓето. Риа Новости, државна новинска агенција, го нарече скоро 50-минутно шоу „екстраваганција на заговор“. Гејтс предупредуваше за опасностите од пандемија во минатото, а неговата фондација неодамна посвети 300 милиони долари за борба против ковид-19 и развој на вакцина.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO