Фото: Роjтерс

Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека земјата поминала низ најлошата пандемија и американската економија започна да се ослободува од кризата, предизвикана од ʺКовид-19“. Во изјавата, американскиот претседател ги коментираше новите податоци, кои покажале дека се создадени 2 и пол милиони нови работни места во мај.

Министерството за труд на САД објави неочекуван пад на невработеноста минатиот месец – од 14,7 проценти во април, падна на 13,3 во мај.

ʺГи смачкавме сите очекувања за висината на невработеноста – прогнозата беше над 20%, наместо тоа падна на нешто повеќе од 13%. „Денес, ако се замислите, тоа е можеби најголемиот пресврт во американската историја, но нема да застане тука – пресвртот ќе продолжи“, истакна американскиот шеф на државата.

Според Трамп, економијата брзо ќе си го врати растот. Тој вети да ги фокусира ресурсите за од коронавирусот на населението, кое е во најголем ризик.

Што се однесува до протестите, Трамп повторно ги повика гувернерите да ја испратат Националната гарда, а во својата изјава тој го спомна и Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина при апсење:

ʺСите видовме што се случи минатата недела и не можеме да го дозволиме тоа повеќе. Се надевам дека Џорџ не гледа од горе и си вели,  дека се случуваат големи работи во оваа земја. Ова е одличен ден за него и за сите нас, за рамноправноста- тоа е она што го бара нашиот Устав и сè што е нашата држава “.

Споменувањето на Џорџ Флојд предизвика остар коментар од Џо Бајден, кој веќе освои доволно делегати за да бидат номиниран за кандидат-претседател од Демократската партија. Според Бајден, коментарите на Трамп се достојни за презир.

Од предизборниот штаб на Трамп уточнуваат дека претседателот зборувал за националниот дијалог по смртта на Флојд и убедувањето дека сите треба да бидат еднакви пред законот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO