Фото: Роjтерс

Властите во кинеската престолнина ќе им дадат ваучери на местните жители во вкупна вредност од 12,2 милијарди јуани (околу 1,71 милијарди долари) за да ја стимулираат потрошувачката. Мерките се дел од т.н. сезона на потрошувачката, која започна денес во Пекинг со цел да се зголемат потрошувачките расходи, која паднаа за време на епидемијата од коронавирусот, пренесе ТАСС.

Раздавањето на ваучери започна денес преку кинеската трговска платформа JD.com (Цзидун). Купоните можат да се користат како во традиционалните продавници, така и на Интернет за набавки од областа на туризмот, образованието, културата, спортот, општествената исхрана и др. Раздавањето на ваучерите ќе биде во четири фази – на 6, 13, 20 и 27 јуни. Секој купон е валиден 14 дена.

ʺСезоната на потрошувачка“ беше отворена денес на туристичката улица Ванфуцзин во центарот на кинеската престолнина. Иницијативата ќе трае до октомври. Според информативниот портал Панпај, планирани се повеќе од 400 настани – и офлајн и онлајн.

Епидемијата предизвика сериозен удар врз потрошувачката. Според официјални статистички податоци, обемот на продажбите на мало на потрошувачки стоки во Кина во јануари-април годинава била 10,67 трилиони јуани (околу 1,5 трилиони долари), што е за 16,2 проценти помалку на годишна основа. Во Пекинг падот за првите четири месеци од годината беше 20,4 проценти во однос на минатата година – до 369,34 милијарди јуани (околу 51,93 милијарди долари). Сепак, постои пораст на продажбата на стоки преку Интернет.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO