Фото: Роjтерс

Русија соопшти денес за нови 8855 случаи на заразување со новиот коронавирус.

Со нив, вкупниот број на инфекциите стана 458.689, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на официјални податоци.

За последните 24 часа смртните случаи поврзани со вирусот се 197, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата тие стануваат 5.725.

Расте и бројот на оздравените – во последните 24 часа тие се 8708 или вкупно 221 388, соопшти оперативниот штаб, цитиран од ТАСС.

Основната репродуктивна бројка, која се смета за важен показател за ширењето на инфекцијата, според проценките на ТАСС, продолжува да опаѓа и денес бил 0,97. За Москва, таа е 0,81 – мало намалување од 0,83, што исто така покажува застој на инфекцијата.

Веќе петти ден по ред има повеќе излечени од нови случаи во Москва. До денес, оздравените надминале 100.000 луѓе, што е 52% од заразените.

Условното ниво на смртност за Москва е нешто над просекот и заклучно со утрово изнесувало 1,48 проценти. Вкупниот број на смртни случаи во главниот град како резултат на коронавирусот е 2.864, од кои 58 во последните 24 часа.

 

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO