Претстојат избори во Србија на 21-ви јуни, во Хрватска, во Македонија, макар што уште нема датум. Каскада од избори, по кои регионот ќе излезе променет.

Тоа не може да се каже за Србија.

Во последниве години, се засилува властта на Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија (СНП).

Таа е на власт веќе 8 години. Вучиќ успеа да го претвори српскиот национализам во модерен национализам поврзан со ЕУ, САД и Русија. Тој успеа да се претвори во партнер на ЕУ во барањето на решение за Косово.

Во новото собрание на Србија, овој пат ќе влезат многу мали партии, вклучително крајно десни затоа што го сменија прагот за влегување на 3%.

Ќе има шарен парламент и Вучиќ ќе владее во коалиција со мали партии. Неговата партија ќе има 55-56% од гласовите и може да владее самостојно, но ќе создаде вештачка коалиција за пред Европа, за пред САД, да одговори на барањето за повеќе демократичност и повеќе политички субјекти во владата.

Има нов момент овој пат – кандидати за пратеници осудени од Меѓународниот трибунал во Хаг – Воислав Шешељ, неговиот син, капетан Драган и уште неколку други. Младото поколение на гласачи нема спомен за настаните од 90-тите години, распадот на Југославија, злосторства врз косовските Албанци и воените напади на НАТО. За нив, осудените за воени злосторства не се проблем.

Аналитичарите зборуваат во моментов не за демократија во Србија, а за демократура, кое никако не е позитивно.

Нема да има промена во политичкиот врв во Србија и односите со Бугарија ќе останат релативно добронамерни како порано. Но, не исклучувам и кризи, слични на претходните. Се сеќавате на гневните зборови на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, во врска со зборовите на премиерот Борисов дека ЕУ треба да има обединета позиција за признавање на Косово.

Србија во моментов започнала една дипломатска офанзива – државите кои го признале Косово да го повлечат признавањето. Едно дипломатско завивање.

Преземено од: kvadrat5.bg


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO