Фото: Роjтерс

Приштина настојува српските власти да сопрат со кампањата против признавањето на независноста на Косово и очекува Западот да изврши притисок врз Србија

Косово ги укина 100 процентните царини за стоки од Србија. За возврат, Приштина ги повикува српските власти да сопрат со кампањата против признавањето на независноста на Косово и очекува Западот да изврши притисок врз Србија.

Премиерот на Косово Авдула Хоти, изјави дека доколку нема резултат од преговорите со Белград, реципрочните мерки ќе бидат вратени.

Во исто време, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србите „ќе се борат тврдо за Косово“.

Според него, не може да се очекува промена на позициите против евентуална размена на територии како начин за решавањето на споровите.

Српскиот претседател очекува европскиот претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина да го посети регионот по парламентарните избори на 21-ви јуни во Србија.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO