Фото: Роjтерс

Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден, има добиено доволно делегати за да ја добие номинацијата на Демократската партија на претстојната партиска конференција, пренесе Асошиејтед Прес.

Тоа беше чиста формалност откако неговиот последен конкурент Берни Сандерс ја заврши својата кампања во април. Но, поранешниот потпретседател доби доволно делегати дури на првичните избори во вторникот, за кои резултатите беа соопштени синоќа.

За да ја добие номинацијата, Бајден имаше потреба од 1991 делегати од различни држави. Тој сега има 1993 гласиви на претстојната конференција, што ќе се одржи на 17-20 август во Милвоки. Претседателските избори во САД се закажани за 3 ноември.

ʺМи беше чест да се натпреварувам со една од најталентираните групи кандидати што Демократската партија некогаш ги имала. Со гордост кажувам, дека  партијата влегува обединета на овие избори“, коментира Бајден. На почетокот, имаше повеќе од 20 кандидати, но основните кокнкуренти на поранешниот потпретседател се повлекоа на почетокот на март. Сандерс, кој се бори најдолго, се откажа од својата кампања многу порано отколку во 2016 година, кога до последно беше проблем за Хилари Клинтон.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO