Судот во Стразбур донел пресуда во корист на претседателот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“.

Како што се вели во пресудата, одлуката се базира врз фактите за неправедност при водење на судската постапка и неоправдано исклучување на јавноста од целиот процес како и прекршување на Законот при сослушување на заштитетниот сведок.

Судот ја задолжил државата да му исплати на Љубе Бошкоски парична отштета но и исплата на затезни камати во рок од три месеци од правосилноста на одлуката односно пресудата.

Случајот „Кампања“ произлегува по апсењето на првиот човек на „Обединети за Македонија“ после изборите во 2011 година заради “незаконско финансирање на изборна кампања“ односно за 100.000 евра кои Бошкоски ги добил од бизнисмен кој подоцна се јавува како заштитен сведок.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO