Тековната пандемија на коронавирус е најдобро време за реформирање на нашите работни животи и ревидирање на воспоставените форми на вработување, како и за стимулирање на економијата.

Ваквата реформа ќе има позитивно влијание врз здравјето на работниците. „Она што го поминуваме во моментов е страшно, но тоа ќе ни помогне да ги откриеме можностите на секое работно место“, рече Шарлот Локхарт, главен извршен директор на „4-дневната недела Глобал“, за „Еуроњуз“.

„4- дневната недела Глобал“ обезбедува платформа за дискутирање на идејата за намалување на работната недела и ги поддржува деловните субјекти, вработените и државите во воведувањето на истата. Иницијативата беше покрената од Ендру Барнс и неговиот партнер Шарлот Локхарт.

Идејата за воведување на четиридневна работна недела не е утопистичка и за некои владини лидери. Премиерката на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, јавно проговори за идејата за четиридневна работна недела.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO