Седница на косовскиот парламент за гласање на новата влада предводена од Авдулах Хоти ќе се одржи денеска, најави првиот човек на парламентарната група на Демократскиот сојуз на Косово Арбен Гаши. Тој не може да каже дали сите пратеници од неговата партија би гласале за новата влада, но рече дека имаат доволно гласови за да го изберат Хоти.

По изгласувањето недоверба на кабинетот на Албин Курти тој не одговори на неколкуте повици на претседателот Хашим Тачи да именува кандидат за формирање нова влада, а неговото движење Самоопределување го оспори пред Уставен суд неговото право да го додели мандатот на друга, освен на партијата победничка на изборите и тврдеше дека нова влада може да се формира единствено по нови избори, кои би се одржале откако ќе помине пандемијата на ковид-19. Во минатиот четврток Уставниот суд го отфрли барањето на Самоопределување со што му се овозможи на Хоти да формира нова влада.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO