Новиот коронавирус ја губи својата моќ и сега е многу помалку смртоносен, изјавија италијанските медицински лица за АФП. „Всушност, вирусот веќе не постои клинички во Италија“, рече Алберто Зангрило, раководител на болницата „Сан Рафаеле“ во Милано во северниот регион Ломбардија, која го носеше товарот на пандемијата на коронавирус во Италија.

„Тестовите, извршени во текот на изминатите 10 дена покажаа присуство на вирус, што е незначително во споредба со оние извршени пред еден или два месеци“, изјави тој за телевизијата РАИ.

Италија има трети најголем број на смртни случаи во светот од КОВИД-19, со 33 415 лица убиени од вирусот.

Сепак, новите инфекции и смртните случаи постојано се намалија во мај, а земјата крена некои од најстрогите ограничувања наметнати скоро насекаде во Европа.

Зангрило рече дека некои експерти се загрижени за можноста за втор бран на инфекција. „Треба да се вратиме на нормализирање на земјата“, рече тој.

Втор лекар од северна Италија изјави за националната новинска агенција АНСА дека неговите согледувања покажале дека коронавирусот се слабее. „Силата на вирусот пред два месеци не е иста како и денес“, рече Матео Бастети, шеф на клиниката за инфективни болести во болницата „Сан Мартино“ во Гeнуа: „Јасно е дека КОВИД-19 денес се разликува“, рече тој.

Италијанската влада ги повика граѓаните да бидат претпазливи, велејќи дека е рано да се прогласи конечна победа над вирусот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO