ʺГрчки и американски воени авиони неодамна го поздравија влегувањето на Северна Македонија во НАТО, прелетувајќи низ воздушниот простор на балканската земја“, пишува електронското издание на Катимерини, во материјал без уреднички коментар. Во рамките на Регионот за полетна информација на Скопје (FIR) преминаа четири борбени авиони Ф-16 од грчките воздухопловни сили, придружени со пар американски бомбардери Б-1Б, спроведувајќи долгорочна стратешка мисија над европските земји и Црноморскиот регион, во контекстот на подобрување интероперабилноста на Алијансата и нагласувањето на соработката меѓу земјите на НАТО.

Веста е уште една потврда за критичната улога на Грција на Балканот. Сегашната влада ги стави на заден план внатрешните поделби околу Договорот од Преспа за името на Северна Македонија и многу правилно ја користи секоја можност да потенцира дека Грција целосно се придржува кон договорот. Ова се гледа како знак на почитување на институционалниот континуитет на грчката држава, но исто така е условено од потребата да се следат геополитичките интереси на земјата. Во меѓувреме, договорот за името сè уште се соочува со опозиција во Северна Македонија. Додека земјата се упатува кон парламентарни избори (гласањето првично беше закажано за 12 април, но требаше да се одложи заради мерките против коронавирусот), демократијата останува кревка и расположението таму е длабоко поларизирано.

Во оваа смисла, тоа што грчките борбени авиони го контролираат воздушниот простор на Северна Македонија е гест на специјална симболика, но и од практична важност, затоа што има за цел да им парира на амбициите на другите регионални играчи за проширување на нивното влијание во северниот сосед на Грција. Тука треба да се одбележи дека и Турција и Бугарија сакаа да ја преземат задачата да бидат одговорни за воздушниот простор на Северна Македонија. Турција дури ја поврзуваше можноста за потенцијално набљудување на македонското небо со создавањето на воена база во земјата. Во исто време, грчките воздушни сили го контролираат воздушниот простор на две други балкански земји – Црна Гора и Албанија. На овој начин, Атина е во позиција да ја проектира својата воена моќ надвор од нејзините национални граници, се разбира, секогаш во контекст на колективно земените решенија и со согласност земјите учеснички во шемата – а не со укажување на притисок или поттикнување на произволни претензии.

Членството на Северна Македонија во НАТО ќе ја олесни билатералната одбранбена соработка помеѓу Скопје и Атина. Грција е природен партнер на балканската земја не само во однос на безбедноста, туку и во однос на економскиот развој и трговијата. Во исто време, ќе и овозможи на Грција да игра улога во трансформирањето и поставувањето на стратешки цели од страна на најновата членка на НАТО, процес што ќе има очигледни последици за геостратегискиот пејзаж на регионот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO