Фото: Роjтерс

Мирните протести во САД се ʺразбирливи и повеќе од легитимни“ по смртта на Џорџ Флојд, оцени денеска германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас.

јЗа нас … правилото е дека мирни протести мора секогаш да бидат можни, но тие мора да бидат мирни“, рече Маас на прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб.

На прашањето на новинарите за протестите во неколку американски градови во врска со смртта на Џорџ Флојд за време на бруталното апсење во Минеаполис, Маас изрази надеж дека ʺовие мирни протести нема да доведат до ново насилство“ и дека „протестите ќе ги подобрат работите во Соединетите држави“.

ʺМирната мобилизација на која сме сведоци во Соединетите држави, заедно со бројните трогателни гестови од американските полицајци, е разбирлива и повеќе од легитимна“, рече шефот на германската дипломатија.

Министерот додаде дека неговите служби контактирале со американските колеги за да ги дознаат „точните околности“, откако полицијата во Минеаполис нападнал репортер на Дојче веле, кој известувал од протестот.

ʺНовинарите мора да ја завршат својата работа без да ја ризикуваат сопствената безбедност“, рече Маас, кој верува дека „демократските држави мора да ги применат највисоките норми кога станува збор за заштита на слободата на печатот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вети воспоставување ред во Соединетите држави, каде се одржуваат протести во повеќе градови поради смртта на Афроамериканецот, и се закани дека ќе ја користи армијата.

Трамп се соочува со најсериозните граѓански протести за време на неговиот мандат бидејќи стотици илјади Американци демонстрираат поради убиството на 25 мај на Џорџ Флојд за време на бруталното апсење во Минеаполис, кога бел полицаец сега обвинет за убиство, Дерек Шовин, го притисна коленото до вратот и го држеше во таа позиција скоро девет минути додека не престане да се движи, иако Флојд молеше за воздух и зборуваше дека се гуши.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO