Фото: Роjтерс

Претседателот на САД Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин да му каже за неговиот предлог за проширениот самит на Г7 во кој ќе биде вклучена и Русија, соопшти Кремљ. Среде пандемијата на коронавирус, Трамп минатата недела рече дека ќе го одложи до есента состанокот на водечките индустријализирани нации што планираше да го одржи следниот месец. На самитот треба да учествуваат и Русија, Австралија, Јужна Кореја и Индија.

Кремљ соопшти дека Трамп му кажал на Путин за неговата идеја, но не понуди детали за дискусијата или дали рускиот лидер ја прифатил поканата.

Русија беше членка на групата неколку години, но беше исклучена од клубот поради своите активности во Украина. Трамп верува оти би било соодветно да ја има Русија во групата „затоа што многу работи за кои зборуваме, имаат врска со Русија“.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO