Фото: Роjтерс

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, изјавил денеска дека смртта на Џорџ Флојд е последица на злоупотреба на службената должност и дека блокот од 27 земји членки е ʺшокиран и згрозен“ од тоа.

Борел им рекол на новинарите дека сите во ЕУ биле шокирани и згрозени од смртта на Џорџ Флојд, како и луѓето низ САД.

Тој изјави дека полициските службеници задолжени за спроведување на законот и редот ʺне смеат да ги користат нивните капацитети како што направиле во трагичната смрт на Флојд. Ова е злоупотреба на моќта и тоа мора да се осуди“.

Високиот претставник на ЕУ истакнал дека Европејците ʺго поддржуваат правото на мирен протест, но исто така го осудуваат насилството и расизмот од кој било вид и секако повикуваат на смирување на тензиите“.

Борел изјавил дека ЕУ верува во способноста на Американците да работат заедно за ʺздраво“ решавање на овие важни прашања во овие тешки времиња.

Тој додал дека ʺсите животи се важни и дека животите на Афроамериканците се подеднакво важни“.

Претставникот на ЕУ, исто така, изјавил дека сите општества „мора да бидат внимателни и будни кога станува збор за прекумерната употреба на сила“ и да обезбедат и гарантираат дека полициските службеници ќе ја извршат својата работа со почитување на владеењето на правото и човековите права.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO