Разочарувачка беше одлуката на Пендаровски. Изборите требаше да се случат на 21 јуни и да се заврши со ова сега што се случува. За жал кај нас политика се води врз база на партиски интереси, а не во интерес на граѓаните, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Петар Богојевски од Македонски Концепт.

ʺДенес сме сведоци на злоупотреба на политичката моќ- злоупотреба на МВР со крајна цел одложување на изборите. Тоа го видовме со повиците на министерот Чулев дека нема да казнува. Тоа го видовме што МВР не интервенираше за време на верските празници. Ги игнорираше настаните со цел да предизвика и да се дојде до ситуација -одлагање на изборите. Тоа го видовме и со повикот на Силјановска дека не треба да има мерки за време на Бајрам. Оваа игра која предизвикува катастрофални резултати е водена од транзициони политичари кои е време да си заминат од политикатаʺ, вели Богојевски.

Во овој момент е битно да се стабилизира државата.

ʺЗа нас е најбитно да се оддржат изборите час поскоро. Ако Мицкоски бега од 5 јули тогаш не треба да се чека на него. Земјата мора прво политички да се стабилизира и да одиме кон реални економски мерки. Потребна ни е легитимна влада која мора да ја отпочне преговарачката рамкаʺ, истакна Богојевски.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO