Бугарскиот премиер Бојко Борисов го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ, кој пристигна во еднодневна посета на Бугарија на покана на премиерот.

Почесен шпалир го поздрави српскиот претседател на аеродромот во Софија, каде по кратка билатерална средба, Вучиќ и Борисов треба да отпатуваат за да извршат увид од воздух на напредокот во изградбата на автопатот ʺЕвропа“ и ʺБалкан тек“.

Развојот на транспортната и енергетската инфраструктура е меѓу приоритетните теми во билатералните односи меѓу Бугарија и Србија.

На почетокот на ноември минатата година, премиерот Борисов ја прифати поканата на претседателот Вучиќ и учествуваше на официјалното отворање на новоизградената отсечка од автопатскиот коридор №10 од бугарската граница до Ниш, Србија. Борисов и Вучиќ разговараа и за приоритетните прашања за двете држави за време на нивниот состанок во јануари оваа година во Истанбул, каде учествуваа на церемонијата на отворање на гасоводот ʺТурски тек“.

Одличните билатерални односи меѓу Бугарија и Србија беа потврдени и за време на посетата на премиерот Бојко Борисов на Белград во 2019 година, кога претседателот Вучиќ го удостои бугарскиот премиер со највисоката државна награда на Србија, ʺОрденот на Република Србијаʺ, за ислкучителните заслуги на Борисов за развојот и зајакнувањето на мирољубивата соработка и пријателските односи меѓу двете земји.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO