На која страна би застанала Бугарија помеѓу Берлин и Вашингтон, во однос на евентуалната размена на територии помеѓу Србија и Косово? Што ќе се случи со бугарите во Босилеград?

Пишува: Николај Крстев

Се засилуваат гласовите во регионот на Западен Балкан за поделбата на Косово, или како позавиено се кажува на јазикот на дипломатијата за размена на територии меѓу двете соседни земји, Србија и Косово. Всушност, оваа идеја не е нова и за неа започнува активно да се зборува уште на крајот на 90-тите години на минатиот век, а кога српскиот интелектуалец Добрица Ќосиќ стана претседател на веќе поранешната Сојузна република Југославија во 1992-93 година, води преговари со умерениот лидер на косовските Албанци Ибрахим Ругова за поделбата на Косово. Двајцата скоро успеваат да се договорат, кога српскиот претседател Слободан Милошевиќ ја отфрла, за да се стигне до конфликт меѓу Белград и местните Албанци во 1999 година. Можно ли е меѓутоа денес ново решение за Косово во стилот на Добрица Ќосиќ, но со помошта на Вашингтон, Брисел и Москва? Кога работев во Белград како коресподент на БНР, во едно мое интервју со министерот за надворешни работи на соседна Србија, Ивица Дачиќ, тој ја лансираше идејата за т.н. ʺџентламентски договор“ за Косово. Тоа според него означуваше, дека како на Србија и биле одземени 15% од територијата со отцепувањето, така било редно и таа да добие 15% од Косово, визирајќи го северниот дел, во кој доминира српско население. Размената на територии или корекцијата на границите би довела и до размена на население, кое би отворило доста сериозни прашања од имотно- правен карактер. За корекција на границите започна да се зборува летото 2018 година, кога стана јасно дека претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи имаат такви планови. Според лансираните идеи, Србија би ги добила четирите северни општини, населени со Срби, а Косово трите општини Прешево, Медвеѓа и Бујановац во југозападниот дел на Србија, кои се наоѓаат во близина на границите со Косово, Македонија и Бугарија. Во тој реон веќе имаше конфликт во текот на зимата во 2001 година, кога местните Албанци се дигнаа на вооружен бунт против српските власти. Благодарение на вмешувањето на Брисел и Вашингтон, конфликтот помеѓу централните власти и сепаратистите беше туширан, а паравоената Армија за ослободување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац беше разоружана, а нивните членови амнестирани. Всушност, местните Албанци уште во !992 година спроведуваат референдум за нивно присоединување кон Косово, кое по тоа време е автономна покраина во Србија, а Југославија започнува крваво да се распаѓа. Очекувано, референдумот беше признат за нелегитимен од Белград, но желбата на местните албанци останува непроменета  близу 30 години, заради нерешените социјални и економски проблеми во него. Во Приштина и во Прешевската долина меѓутоа, го сметаат овој регионот како источно Косово. Неодамна, претседателот на Косово Хашим Тачи дури кажа дека сонува за Прешевската долина како дел од Косово. По доаѓањето во Белата куќа на претседателот Доналд Трамп, започнаа да се слушаат доста противречни сигнали за Косово и за неопходноста од постигнувањето на ново трајно решение меѓу Срби и Албанци.Администрацијата на Трамп го обнови сериозно својот интерес кон овој дел од Балканот. Вашингтон назначи двајца свои високи дипломати, Метју Палмер, задолжен за Западен Балкан, и Ричард Гренел, амбасадор на САД во Германија и до неодамна шеф на Националното разузнавање на САД, кој ужива високо доверие во Белата куќа. И имено на него му беше доверен клучниот дијалог меѓу Белград и Приштина.

Трамп започна да го форсира постигнувањето на договор меѓу косовските Албанци и србите, во обид да покаже дека на надворешно-политички план може да има пробив и во решавањето на косовското прашање.Нешто повеќе, тој објави дека е подготвен да ги отвори вратите на Белата куќа и да покани лидерите на двете земји Вучиќ и Тачи, за да потпишат официјално нов договор Србијаште во 2019 година предложи Русија да учествува во преговорите за постигнување на тој договор. Идеја, која гледаме дека беше официјално предложена пред една недела од портпаролот на Ричард Гренел – Русија е активна на оваа тема и секогаш ја покажувала својата ангажираност на ова прашање. Новиот руски амбасадор во Белград Александар Боцан Харченко, кој пристигна во 2019 година, јасно стави до знаење дека Москва нема да стои настрана од повторното отворање на косовското прашање. Тој добро го познава Балканот затоа што учествувал во мировните преговори во Дејтон и во тројката што преговараше за Косово, заедно со германскиот дипломат Волфганг Ишингер, и нивниот колега од САД Франк Визнер. ЕУ во лицето на својот висок претставник за надворешната политика и безбедноста Жозеп Борел, лансира исто така слична можност, кое изгледа започнува да го пропукнува европското единство за непроменливост на границите. Јавно сме сведоци на повлекување од политиката на трите „не“, лансирана од меѓународната заедница уште во периодот пред официјалното отцепување на Косово од Србија во 2008 година. ʺНеʺ на враќањето од пред 1999 година, ʺне“ на отцепувањето на делови од неа и „не“ за присоединувањето кон соседни држави. Денес се наоѓаме во ситуација на Балканот во која САД и Србија, поддржани премолчено од Русија и Франција сакаат промена на границите меѓу Белград и Приштина, а единствено Берлин да се објавува против тоа. Всушност, Германија сега останува единствениот столб на регионалната стабилност. Политиката на Берлин е во полза на зачувување на сегашните граници во регионот, затоа што разбира дека таков потег би можел да ја отвори ʺПандорината кутија“ и повторно да се стигне до тензии. Берлин смета, дека е неопходен пред се ʺдобар, а не брз договор“ меѓу Белград и Приштина е потребна пред сè и најважно. Според австриското издание ʺДер Стандард“, Ангела Меркел е за давањето на специјален статус за северно Косово, кое да биде дел од Асоцијацијата на српските општини, како што предвидува Бриселскиот договор, но кое сè уште не се спроведува. Канцеларката Меркел од самиот почеток беше против идејата за промена на границите, затоа што се плаши од немири на Балканот. А Западен Балкан повторно е исправен пред многубројни ризици, како што се тензиите во Босна и Херцеговина, слабата демократија во Србија, како и конфликтот за црковните имоти на Српската православна црква во Црна Гора. Кога ќе се додаде кон тоа и политичката криза, во која се наоѓа Косово, каде под притисокот на Ричард Гренел, кабинетот на премиерот Албин Куртиб беше соборен, тогаш сликата станува сè посложена за прогнозирање. Имено, тоа дејство на Гренел предизвика тензија меѓу ЕУ и САД. А Гренел беше против Курти затоа што доскорешниот премиер е против планот за размена на територии со Србија. Извршниот директор на Центар за меѓународна јавна политика во Косово Мишел Зубеница, изјави дека направеното во правец на нормализирањто на односите меѓу Белград и Приштина како договорот за воспоставувањето на директна железничка и авио врска по идеја на специјалниот пратеник на САД Ричард Гренел има свое значење. Друг косовски аналитичар Бељул Бечај претпоставува, дека преговорите меѓу Белград и Приштина може да завршат или со  договор за признавањето на сегашните граници, за кое настојува Германија, или со размена на територии. територии,кое не се исклучува од Вашингтон.

Според Бечај, лошото е што ЕУ потпаѓа се повеќе под влијанието на САД на оваа тема.Слична позиција изрази и влијателниот американски експерт за балкански прашања Даниел Сервер. Неотфрлањето на идејата за корекција на гранизите и размена на територии од страна на Високиот претставник на ЕУ Жозеф Борел, е „опасна и неискрена позиција“, додавајќи дека ЕУ се движи по линијата која се води од амбасадорот Гренел. А според Сервер, тоа означува дека Брисел го прифаќа планот на Вашингтон.Белградскиот аналитичар Јелена Милиќ изненадувачки го коментира поведението на Германија кон Косово и дека тоа не треба да се влијае од односот на Берлин кон Вашингтон. ʺАко тврдите, дека компромисниот договор, кој може да се постигне, ќе предизвика дестабилизација, тогаш што правеа ЕУ и САД пред 20 години? Како тогаш Албанија, Црна Гора и Македонија станаа членки на НАТО? Зарем тоа не го дестабилизира регионот?“ Таа дури отиде подалеку во својот коментар, определувајќи ги постапките на Германија како проблематични “. За разлика од Јелена Милиќ, Српската православна црква е категорично против поделбата на Косово затоа што дел од православните манастири и храмови би останале надвор од нејзината директна контрола. СПЦ може да се претвори во сериозен противник на политиката на претседателот Вучиќ за договорената размена на територии меѓу Србија и Косово, кое уште повеќе би го поколебало српското општество, затоа што во голема мерка тоа ги слуша ставовите на патријархот Иринеј. Српската патријаршија има јасно изфрадена негативна позиција, како против отцепувањето на Косово од Србија, така и против неговата поделба Неодамна, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, реагираше на на темата за ризиците по Балканот од евентуалната поделба на Косово. Тој ја определи како лоша за регионот. Тоа доведе до остра реакција на српскиот министер за одбрана Александар Вулин, вовикувајќи го Пендаровски ʺда молчи на јазик што само Србија го признава.“ Непремерената реакција од страна на Србија кон претседателот на суверена и независна Македонија, која од скоро е членка на НАТО ја покажува нервозата на Белград на оваа тема. Претседателот на Србија Александар Вучиќ, коментираше дека неговиот колега Стево Пендаровски ја дал изјавата за Косово ʺзатоа што сакал да биде сакан од Германија“ .Идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово може само да донесе нестабилност и проблеми во регионот и да го извади духот од шишето . Дали може да биде запрена оваа идеја е уште доста рано да се каже. Не е исклучено, сепак ако има време за промена на идејата четирите северни општини во северно Косово да добијат поголема регионална автономија, но во Косово, а трите општини во јужна Србија да ги зајакнат своите институционални врски со Приштина, што би можело да ја намали задавачката тензија на Балканот.Но, дали има време за таков дипломатски маневар? На овој фон, изникнува прашањето каква би била позицијата на бугарската дипломатија во таа ситуација? Ги чита ли Софија знаците, што ги гледа и слуша во регионалниот простор? И како би дејствувала во таа ситуација? На која страна треба да застане Бугарија, на страната на Вашингтон, Белград и Брисел, или на таа на Берлин, која е јасна и предвидлива и носи стабилност на Балканот преку нивната европска перспектива? Несомнено, изборот ќе биде сложен, затоа што и Вашингтон и Берлин се првостепени сојузници на Бугарија. Пред сложен избор ќе биде поставена Бугарија во една таква хипотетичка ситуација.

Бугарија има за што да е загрижена, затоа што во близина до Прешевската долина, во јужна Србија се наоѓа Босилеград, област каде живеат етнички Бугари и секоја промена би се однесувала на Бугарија во не мал степен. Близината на Прешевската долина до границата на Бугарија со зоната на размена на територии меѓу Србија и Косово, треба да ја држи нашата земја будна кон овие процеси. Има ли варијанта за бугарската балканска дипломатија за ваков развој на процесите близу нашата граница? Пред некое време министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ предложи Србија да и помогне на Бугарија за Гоце Делчев во спорот со Македонија, во замена за што нашата земја да го повлече своето признавање за Косово … Дали вмешувањето на косовското прашање и острите искри меѓу Софија и Скопје нема дополнително да ја влошат регионалната клима? Што следува од сега натаму во сложените балкански процеси претстои да видиме. Колку долго ќе траат тие разговори претстои да видиме, едно е јасно од сега, дека ризикот Балканот скоро да влезе во зона на неизвесност е многу сериозен.

––––––––––––––

Авторот е поранешен коресподент на БНР во Белград 2003-2011 година, бил специјален пратеник за време на косовскиот конфликт во 1999 година и во Македонија, за време на бегалската криза во 1999 година и конфликтот во 2001 година, многукратно работел во Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и во Хрватска. Тој е поранешен коресподент на БНР во Москва 2015-2017 година.

Преземено од kvadrat5.bg

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO