Фото: Роjтерс

Главниот преговарач за Брекзит на ЕУ Мишел Барние, вчера го предупреди британскиот премиер Борис Џонсон за потребата тој да ги исполни ветувањата што ги дал при обезбедувањето на договорот за повлекување на Велика Британија.

Во спротивно, неговата земја би можела да претрпи двоен економски удар – од Брекзит без договор и од пандемијата ʺКовид-19“.

ʺВелика Британија направи чекор назад, два чекори назад, дури и три чекори назад од своите првични обврски“, кажа Барние во интервју за британскиот весник ʺСандеј Тајмс“. Тој додаде дека британските преговарачи треба да бидат ʺцелосно во согласност со она што го потпиша премиерот со нас, бидејќи 27-те шефови на држави и влади на ЕУ и Европскиот парламент немаат кратко сеќавање“.

ʺСе сеќаваме многу јасно на текстот што го договоривме со Борис Џонсон. И, само сакаме да видиме дека тоа е спазено во писмена форма. И ако тоа не се случи, нема да има договор“, рече Барние, потврдувајќи дека Европската унија нема да одобри договор што ќе му наштети на блокот или на ʺинтегритетот на единствениот пазар“.

Според него Велика Британија треба да биде ʺпореална“ во своите барања за време на тековните трговски разговори со ЕУ оваа недела.

ʺЈасно е дека сакаме договор, но тоа не може да биде договор по секоја цена. Ние нема да прифатиме, никогаш нема да прифатиме нешто што ќе го направи европскиот единствен пазар понестабилен“, додаде тој.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO