Фото: Роjтерс

Бројот на смртните случаи кај заразените со новиот коронавирус во Русија се зголеми во текот на изминатите 24 часа за 162 и нивниот вкупен број во моментов е 4855. Ова го соопшти денеска националниот оперативен штаб за борба со инфекцијата, пренесе ТАСС.

Во последните 24 часа, болеста одзема 76 жртви во Москва, 24 во Московска област, 25 во кавкаската република Дагестан и 9 во Санкт Петербург; помалку се починатите во другите региони на федерацијата.

Претседателот Владимир Путин нареди да бидат разработени препорачувачки анти-епидемични мерки кои се однесуваат на патничките превози со различни видови на транспорт, соопшти агенцијата, повикувајќи се на веб-страницата на Кремљ.

На средба за проблемите на транспортот на 7 мај Путин истакна дека во таа област не треба да се претерува, за да не се уништи бизнисот со формални, прекумерни и понекогаш бесмислени барања. Тие треба да бидат сразмерни со ризиците и всушност да го бранат здравјето и безбедноста на луѓето, рече претседателот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO