Фото: Роjтерс

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа објави дека цената на бензинот во земјата се зголемува откако беше замрзната две децении, пренесе Ројтерс. Возачите ќе имаат право на одредена количина гориво месечно по субвенционирани цени, а над оваа граница тие ќе плаќаат по меѓународно индексирани цени.

Планот, објавен во услови на закани на САД за прекинување на снабдувањето со бензин од Иран заради санкциите, ќе стапи на сила утре, рече Мадуро во телевизиското обраќање. Возачите на автомобили ќе имаат право да ги наполнат своите резервоари со најмногу 120 литри бензин месечно по цена од 5.000 боливари (околу 2,5 центи) за литар, додека мотоциклистите ќе имаат право на субвенционирана цена за 60 литри месечно.

И покрај зголемувањето, целиот резервоар на едно возило ќе може да се наполни за околу 1 американски долар благодарение на субвенциите. Над овие квоти, возачите ќе треба да плаќаат на меѓународно индексирани цени, рече Мадуро, без да даде детали за тоа колку ќе чини бензинот на бензинските пумпи кога ќе започнат да нудат увоз од Иран.

Венецуела,како членка на ОПЕК и располага со најголемите светски резерви на нафта, е погодена од најсериозниот недостиг на бензин во својата историја, како резултат на скоро целосниот колапс на нејзините рафинерии.

Бензинот и понатаму ќе биде целосно субвенциониран за јавен превоз, камиони и продажбите на дизел, додаде Мадуро.

Околу 200 од 1.800 бензински станици во земјата ќе бидат снабдувани со гориво од независни увозници задолжени за дистрибуција. Горивото на овие места ќе се продава во странска валута по цена од 0,50 долари за литар, рече претседателот.

Бидејќи државната нафтена компанија ʺПетролеос де Венецуелаʺ (PDVSA), која е под американски санкции, има потешкотии да производува доволно гориво за да се задоволи потрошувачката, Мадуро изјави дека Венецуела треба да премине кон модел, кој ќе дозволи сите продажби да бидат на меѓународни цени во иднина.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO