Германската канцеларка Ангела Меркел нема да присуствува на лична средба на лидерите на Г7, каква што што претседателот на САД Доналд Трамп предложи да биде домаќин и покрај стравувањата од коронавирусот, пренесе АФП.

Лидерите на групата на седумте, со која претседава САД оваа година, требаше да разговараат преку видео конференција кон крајот на јуни, откако Ковид-19 ги спречи плановите да се видат во живо во Камп Дејвид, Мериленд.

Но, минатата недела Трамп изјави дека е подготвен за средба ʺпретежно во Белата куќа“ и евентуално во делови од Камп Дејвид.

Меѓутоа, Меркел одби.

ʺДо денес, со оглед на целокупната состојба со пандемијата, таа не може да се согласи лично да учествува и да патува во Вашингтон“, изјави портпаролот на владата во Берлин.

65-годишната канцеларка е втора по возраст на Г-7 по Трамп, кој има 73. Јапонскиот премиер Шинзо Абе е неколку месеци помлад од Меркел.

Во петокот Белата куќа соопшти дека во разговор со Трамп, британскиот премиер Борис Џонсон се согласил дека е важно да се одржи лична средба на Г-7 во блиска иднина.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, од своја страна ја истакна важноста да се проучат ʺпрепораките на експертите“.

Според Ројтерс, САД најпогодени од коронавирусот на глобално ниво останува САД со повеќе од 102,000 смртни случаи и повеќе од 1,75 милиони заразени.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO