Интервју со д-р Марија Илиева за ПОЛИТИКА, кандидат на листа на пратеници за ИЕ 4

Д-р Марија Илиева, лекар по општа медицина. Образованието го завршува во М.У.Плевен,  соседна Р.Бугарија . Своите работни обврски ги извршувала како матичен лекар пет години а веќе две години како лекар во Итната Медицинска Помош и домашно лекување при ЈЗУ Здравствен дом Струмица . Во овој момент е началник на ИМП и Домашно лекување.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

д-р Марија Илиева: И јас како и другите граѓани на нашата татковина сум сведок на транзицијата, која имаше за цел преод од тоталитарен и комунистички режим во една нормална европска и демократска држава . Но како што гледаме истата трае 30 години и никако да видиме видливи резултати од неа. Сите се сеќаваме со каков мотив, желба и очекувања, ние граѓаните влеговме во тој процес по осамостојувањето на нашата држава.  Влеговме затоа што во демократијата и плурализмот видовме шанса дека за прв пат ние граѓаните ќе сме основните чинители и двигатели на процесите во нашата држава. Но со текот на годините ни се случи партократија и единствено што ни останува на нас обичните граѓани е само да избираме меѓу субјекти во една проектирана политичка сцена, чии главни актери и финансиери се повторно лица кои по еден или друг начин се сврзани со минатиот систем, кој сакаме да го оставиме зад нас. Веќе 30 години слушаме ветувања за вистинска трансформација на нашето општество, но од нив ние ништо ниту видовме ниту почувствувавме. И така тој првичен мотив, желба и очекувања се претворија во крајно разочарување.

Нормална држава значи нормално функционирање на институциите, независно судство и медиуми, се во интерес на граѓаните. Но сведоци сме дека оваа трансформација на општеството не се води од таа цел. Мотивот со кој партиите влегуваат во овој процес е да ги потчинат под свое институциите, судството и медиумите за нивни партиски и лични интереси, а не тие да бидат слободни и да даваат еднаква шанса на сите граѓани. И така место реформирање, де факто ние гледаме деформирање на нашето општество. Од нас самите зависи дали ќе сме само набљудувачи, а со тоа и поддржувачи на сето тоа, или ќе преземеме нешто конкретно. Јас сум повеќе од убедена дека веќе е доста од ликовите кои 30 години се менуваат на политичката сцена, а ништо значително не се сменува на подобро. На Македонија и се потребни нови свежи сили, идеи и ликови кои во политиката нема да влезат од личен интерес, туку вградувајќи ја својата професионалност да решаваат проблеми и изградат нормална држава за идните генерации. Држава со нормални вредности , функционално судство, здравство, образование, земјоделство и др. Држава во која сите ние независно од нашата верска и национална припадност подеднакво ќе ја чувствуваме наша. Држава која ќе ги препознае личните и професионални квалитети на секоја единка и да го искористи нивниот потенцијал. Тоа се причините МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ да биде МОЈОТ ИЗБОР. Затоа што е граѓански, затоа што повторно на нас граѓаните ни дава надеж и можност да си ја вратиме државата во наши раце. Од нас зависи дали ќе бидеме набљудувачи и поддржувачи на проектираната политичка сцена, или со нашето директно вклучување ќе им ја загрозиме и нарушиме таа идила.

ПОЛИТИКА:Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

д-р Марија Илиева: Оваа е мојот прв политички ангажман.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

д-р Марија Илиева: Во последниве години забележуваме енормна миграција на населението особено на млади висококвалификувани лица во држави членки на Европската унија. Сето тоа се случува затоа што не гледаат никаква надеж за реализација на личен и професионален план во блиска иднина во нашата татковина. Намалување на стапката на невработеност, покачување на стандардот и обезбедување на нормални услови за работа ,подобрување на квалитетот на образованието се клучни фактори за успешна држава. Државни мерки со кои ќе се намалат привилегиите на политичарите до минимум. Брзо и навремено спроведување на предлогот на нашата граѓанска иницијатива за Политичари волонтери. Брзо реформирање на судството, кое само на хартија е независно, а во пракса партизирано и под контрола на олигарсите. Мојот личен ангажман во најголем дел ќе биде во здравството. Како лекар секојдневно се среќавам со напуштени стари лица и затоа ќе се залагам за градење на современи Државни Старачки Домови каде нашите родители, баби и дедовци ќе ги добиваат сите медицински услуги навремено и на највисоко ниво.

ПОЛИТИКА:Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

д-р Марија Илиева: Има многу нешта кои треба да се направат. На надворешен план да се потрудиме колку е можно побргу да добиеме датум за отпочнување на преговори со ЕУ со што ќе имаме достап до евро фондовите за побрз развој на нашата држава на сите полиња. Намалување  до минимум на корупцијата во сите области и сегменти во државата особено во судството кое иако најплатено е на врвот на корупцијата. Решавање на сите предмети за денационализација во Државата. Модернизирање на училиштата, универзитетите и подобрување на образованието. Модернизирање и опремување на сите Јавни Здравствени Организации, но клучно е ангажирањето на младите и нивна мотивација за да ги задржиме да работат и живеат во нашата држава.

ПОЛИТИКА:Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

д-р Марија Илиева: Она што ме привлече е граѓанскиот концепт, кој е отворен за млади, мотивирани и професионално реализирани личности. Привлечен за сите граѓани независно од нивната етничка и религиозна припадност. Влегувајќи и подржувајќи го сите ние се обединуваме околу една цел, градење на една модерна, демократска и економски просперитетна држава. Држава во која клучни ќе се личните и професионални квалитети, а не партискиот и етнички клуч. На тој начин МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ успешно ќе се пребори не само со партократијата, но и со етнократијата кое води до издигање на неквалитетни политичари и поделби во општеството по етничка основа.

ПОЛИТИКА:Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

д-р Марија Илиева: Во целост ги подржувам предложените проекти на МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ во делот што се однесуваат на реформа на администрацијата, судството, борба со корупцијата, економскиот раст. Лично ќе дадам свој придонес во нивно спроведување и квалитативно подобрување. Но и за дезидеологизација и објективизација на историјата. Ни преостанува на самите нас да расчистиме со идеологемите и претставите кои ни се наметнати низ годините. Само така ќе бидеме не само физички , но и духовно независна држава, која својата политика ќе ја води од сопствените интереси. Ќе се ослободиме од чувството на вечни губитници, реално ќе ги осознаваме процесите околу нас и ќе играме на победа. Нашето членство во НАТО е огромна победа за нашата држава. Но она што е најважно, спречени се обидите на претходната влада да бидеме внесени во туѓи сценарија со можен катастрофален резултат по нашата државност.

ПОЛИТИКА:За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

д-р Марија Илиева: Ќе дадам се од себе во безкомпромисна борба со корупцијата. Како лекар ќе се борам за подобрување и модернизирање на условите за работа на лекарите и целиот медицински персонал, модернизација и подобрување на здравствените услуги за пациентите. Ќе се борам и залагам за постојана едукација и усовршување на колегите и техничкиот персонал. Најмногу од се ќе се залагам за отварање на Државни Старачки домови и Геријатриски центри во кој услугите на пациентите ќе бидат на највисоко ниво, секаков тип на рехабилитација според потребите на пациентите и со стручен кадар од специјалисти, општи лекари, техничари и лични асистенти за оние на кој им се потребни.

Најмногу ќе се залагам за подигање на стандардот на луѓето, за да ги задржиме младите во Р.С.Македонија затоа што тие се иднината на Македонија и ќе се залагам за рамноправност на сите граѓани.

ПОЛИТИКА:Зошто проекти?

д-р Марија Илиева: Затоа што преку реализација на проектите и според нивната успешност ќе докажеме дека Македонски Концепт може и има потенцијал да ја води државата и дека има иднина за нашата татковина. Само така со успешни проекти ќе може да ја оправдаме довербата која ни ја дал народот.

ПОЛИТИКА:Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

д-р Марија Илиева: На чекор до европското семејство,  атрактивна за младите и успешните граѓани, со повисок стандард за сите нас, задоволни, спокојни граѓани и насмеани и спокојни стари лица.

фото: Македонски концепт

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO