Обединети за Македонија денес одбележува 11 години од основањето на политичката партија.
 
Основањето на Обединети за Македонија беше повеќе од потребно. Познати како револуционерна партија, низ годините имавме притисоци, уцени, изборни кражби и измами, прогони, монтирани судски процеси, спектакуларни апсења, протести и побуни.
 
Затоа, се обединивме за да ги оствариме идеалите на ВМРО и неговите идеали запишани во нејзиниот Устав: Сите сме граѓани на Македонија, без разлика на вера, националност и пол. Поради тоа станавме жестоки непријатели на партии кои се обидуваа да го злоупотребат тоа име за манипулативно-политички цели.
 
Одговорни пред идеалите и стварноста, бевме и останавме критичари на секој субјект, но и противници на секоја политика што не дозволува земјата да оди кон стопански развој и реформи, кон евро-атланските интеграции.
 
Денес македонската борба не е на леви и десни. Денес македонската борба е борба на про-НАТО и про-ЕУ субјекти против анти-НАТО и анти-ЕУ.
 
Затоа, Обединети за Македонија е со став дека обединувањето е решение – се додека не профункционира системот и не се создадат услови за демократизација на општеството:
 
1. Доследно остануваме на определбите за завршување на започнатите реформски процеси во судството.
 
2. Мораме во нашата држава да создадеме демократски услови, за да создадеме предуслови за фер борба на идеи меѓу левицата, центарот и десницата. Обединети за Македонија останува на својот став за промена на избирачкиот модел во една изборна единица. Само така ќе се покаже реалната желба на граѓаните.
 
3. Сметаме дека обезбедувањето на сите потребни предуслови за преговори на РС Македонија во ЕУ – е и останува надпарстиска цел.
 
4. Промовирање на европските десни вредности – Обединети за Македонија останува да се бори за промовирање на: државен патриотизам, демократски развој, духовни вредности, правна држава, слободен пазар, западен капитализам, слобода на говорот и печатот, обезбедување економско-социјална сигурност, градење на пријателство и добрососедство и др.
 
Нека ни е честит единаесеттиот роденден на политичката партија Обединети за Македонија!
 
Постоиме за татковината!
29.05.2020 – Центар за комуникации на Обединети за Македонија
ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO